Фудбал

10 секунди убавина од фудбал во Чиле

И тоа пазете изгуглавме да провериме и ова да ти било прва, а не петта лига. Нубленсе и Унион Ла Калера се викаат екипите. Ќе ја дупнеа топката за малце. Резултатот нормално, 0:0 на крај.

Си немал работа навивачов па фатил да го имитира линискиот судија

Две години изолации, карантини, пандемии, сојеви, не се гледај со овој, не оди на стадион. Ќе ти ибам животот, сега ќе видите вие како ќе си играм на стадион.

Змија прекина меч во Гватемала, па ја бркаа со полиција

Сме виделе куче, маче, птица, крава (ова кај нас) и уште некои животни обично на четири нозе, ама не и змија. Голема и језива некако, играчите се упрпаа за момент, ама еден куп полицајци и обезбедување влетаа и се справија со нејзе за кратко време.

Кам бек на Кристијан Ериксен по 8 месеци и тоа на својот роденден

Човекот на кој му висеше животот на конец и на кој многумина му прогнозираа крај на кариерата, повторно игра фудбал. Поубав ден не можеше да одбере. Точно на денот кога полни 30 години.

Ги видовте ли двете луди полувремиња на Атлетико и Баерн?

Можеби ги игравте на спортска или можеви ги рипнавте на спортска, па сега се каете откако видовте колку голови паднаа. Како и да е, имаме понеделнички спортски преглед на две меча кој не е за испуштање.

Потегов на Мегваер во одбрана не проаѓа ни на турнир во Мирковци

Што виде Манчестер Јунајтед во овој човек за да го плати 80 милиони фунти и да го направи најскап дефанзивец во историјата на фудбалот? Милион киксови откако дојде на Олд Трафорд. Душа му извади овој од Саутемптон, а потоа и Твитерџиите. Очаен дефанзивен потег.

До толку беше глуп и аматерски автоголов, што и судијата не го призна

Ако земеме да вадиме од архива што сè сме објавувале на тема романски фудбал, кој знае кај ќе ни биде крајот. Посебни се за бисери, а на последниот, голманот беше многу јак со потегот, а судијата уште појак од него.

Дојди ми еден на еден да ти го свртам паметот

Луис Синистера е 22 годишен Колумбиец кој четврта сезона игра за Феенорд. Нејќеш да го чуваш сам. Ќе те зборат во маало.

Да видиш Кварезма како се справува со тие што задржуваат време

Ветеранот Кварежма на 38 години игра во Виторија Сетубал во родната Португалија. Добро им оди, на шесто место се и сериозно конкурираат за Европа. Рикардо е капитен и игра одлично, ама лесно знае да изгуби нерви како на времето кога играше ширум Европа. Сега еден противнички фудбалер Алфонсо Соуса од Белененшеш глумеше во судиското продолжение за да задржи време ама Кварежма му покажа што е рецепт за тоа.

Луда акробација на Милик, вредна 3 бода за Марсеј

По Малиновски од Аталанта, налетавме на уште еден мајсторски гол на џокер, а тоа е оној на Милик. Само 6 минути откако Пољакот влезе во игра, го реши Мец во 82-ра минута со убавина од погодок, печен за најавни шпици во Франција.

Ремек дело на Малиновски против Јуве, кандидат за гол на сезоната во Серија А

Во ситуација и кога ги немаат стандардните Иличиќ и Ѕапата, Аталанта секогаш знае да извади силно оружје. Овој пат тоа беше Украинецот Руслан Малиновски кој влезе како џокер во второ и му испука бомба на Јувентус, кој се спаси од пораз во судиско.

Хандановиќ му одбрани чист гол на Елмас

Со головите на Инсиње и Џеко, Наполи и Интер ремизираа во Серија А, резултат од кој може да профитира Милан, кој ако ја победи Сампдорија ќе биде прв. Топ шанса за 2:1 имаше Елиф Елмас во 69-та минута, но Хандановиќ излезе како победник во дуелот еден на еден.

Македонска акција на Динамо во режија на Рики и Адеми

Динамо Загреб ја совлада Горица со 2:1 во 23. коло од хрватскиот шампионат. Резултатот го отвори Аријан Адеми на асистенција на Стефан Ристовски. Убава македонска комбинаторика. Динамо е прв на табела со +6 од Осијек и Ријека.

Деби гол на Горан Пандев за Парма

Толку му треба на стариот, дај му на лева и ја кова со волеј на прва. 20 години стаж во Италија, седми италијански клуб, 100 и кусур гола во Серија А. Честитки мајсторе.

Таков црвен картон уште не се видел во Премиер, сите се чудеа што се случило

Арсенал го преброди тешкото гостување кај Вулверхемптон, славеше со 0:1 и освои три златни бода во трката за Лига на шампиони. Ама една јака судиска процена и чудна епизода се зборува на големо.

Прослава на вечерта со Џо Харт и Жота од Селтик

Селтик игра во сјајна форма, реди победи во серија и уште е прв со само 1 бод пред Ренџерс. Келтите синоќа на гости славеа против Абердин 2:3 а два гола даде Португалецот Жота кој беше играч на мечот. Јака прослава имаа со голманот Џо Харт.

Видовме автограм на микробранова, а сега на прасе

Првото необично барање за автограм го доби боксерот Крис Еубанк јуниор, а второво фудбалерот на Барселона Рики Пуиг. Што нема да им текне.

Од сега за вас двајца голот ќе биде 10 на 3

Трема ли ги фаќа што вака несмасно реагираат или не доручкуваат доволно? Прво го имавме Де Лихт, а сега еден Бразилец и Заха од Кристал Палас со веројатно најлошиот пенал сезонава во Премиер лига и пошироко.

Втор меч за Јуве, ново шоу на Влаховиќ

Српскиот центарфор веднаш и демонстрира на Старата дама каква гол машина е и зошто вреди 75 милиони евра. Деби во Серија А со голчиште, деби во Куп со голчиште.

Јунајтед има ново дете

Алехандро Гарначо има 17 години, роден е во Мадрид. Игра лево крило за младинците на Манчестер Јунајтед и за Шпанија У-18. Сезонава има 7 гола и 4 асистенции на 21 натпревар за младинците. На мечот против Евертон У-18 постигна прекрасен гол после соло продор а навивачите ги освои и со прославата.

Кретенот од Вест Хем што рогаше мачка, веќе сноси сериозни последици, на удар е на цела јавност

Курт Зума, некогашниот стопер на Челси а сега во Вест Хем е казнет од клубот со 250.000 фунти поради видеото кое го снимал брат му дома а кое што ја шокираше цела интернет заедница.

Два спектакуларни евроголови во Австралија

На мечот меѓу Централ Кост Маринерс и Макартур во австралиската А-Лига навивачите можеа да видат 6 гола (3:3) од кои 1 автогол, два од пенал и два ненормални голови.

Ја избркаа од фудбалски тим, реши да се појави на сајтот за возрасни Онли Фанс

Фудбалскиот па(д)т на Медлин Рајт, некогашната фудбалерка, десен бек на женскиот тим на англиски Чарлтон.

Леао со долга магарица го изнасмеа цел стадион Сан Сиро

Милан убедливо со 4-0 го декласираше Лацио во првиот меч од четвртфиналето на италијанската Копа и практично скоро да обезбеди пласман во полуфиналето.