20 епизоди сезонава во кои Лео покажа дека и на 35 години е број 1

Аргентинскиот ас игра сјајна сезона во ПСЖ и е најзаслужен што Парижаните се единствени во Топ5 лигите што уште не се поразени на ниеден фронт од почеток на сезоната. Вечерва гостуваат кај ослабениот Јувентус да го потврдат првото место во групата. 

Пазете ја статистиката на Лионел Меси до сега, уште пред полусезона: 17 меча, 12 гола, 13 асистенции. Како во најдобрите негови денови. Притоа повеќето погодоци му беа евроголови а асистенциите единствени во негов стил.

2 ноември 2022 - 11:13