Бали Мумба го слуша гласот на трибините кога да шутне

Во англиската Лига 1, трета лига во хиерархијата, Плимут Аргајл со 4-2 го совлада Ексетер Сити. Вториот гол за домашните беше дело на Бали Мумба во 58’ минута.  Откако му легна добро и му се отвори позиција за шут, пола стадион му викаше да шутне. И шутна.

Плимут после 17 одиграни кола е убедливо прв на табела со 41 бод. Имаат 13 победи, 2 нерешени и 2 порази. На добар пат се да се пласираат во силниот Чемпионшип ако вака продолжат.

1 ноември 2022 - 09:50