Видео од времето кога Гери Невил му помага на Роналдо во интервју

Откако се појави видео на кое се гледа како Кристијано Роналдо го изигнорира Џејми Карагер пред неколку недели, сега се појави ново на кое Португалецот „го лади“ и некогашниот соиграч Гери Невил со кого делеа добро и лошо на времето во Јунајтед. Гери е стручен коментатор и понекогаш оправдано го критикува Роналдо.

Ама има и такви кои паметат многу детали, па сега излезе видео на кое може да се види како Гери Невил му помага на новодојдениот млад Кристијано Роналдо за време на неговото прво интервју на англиски јазик како играч на Манчестер Јунајтед.

Роналдо на „Олд Трафорд“ дојде од Спортинг Лисабон само неколку дена откако на пријателска со Манчестер Јунајтед одигра сензационален меч на 18 години и ги растури искусните фудбалери на англискиот клуб.

Во април 2004-та, веќе како играч на Манчестер Јунајтед, Роналдо беше избран за најдобар играч на мечот со Лестер кога „црвените ѓаволи“ славеле 1-0 а единствениот гол го постигнал токму Гери Невил.

После тој натпревар двајцата дале интервју за Sky Sports, а Гери му помагал да се ослободи: „Ајде, комотно можеш да дадеш интервју на англиски“:

Роналдо го рецна и Гери Невил

 

1 ноември 2022 - 10:50