Ајнтрахт и Тотенхем со херојски пресврти на гости обезбедија осминафинале во ЛШ
Групата Д доби разврска како што доликува во Лига на шампиони. Марсеј и Спортинг на полувреме имаа по 1:0, резултат кои ги носеше во нокаут фаза, но и двете средби на крај завршија 1:2. Тоа значи дека Англија и Германија добиваат уште по еден претставник во осминафинале. Тотенхем стрелаше на Велодром во 95-та минута, а со тоа го исфрли Марсеј и од ЛЕ и го прати Спортинг.