
Лацијалите следниов викенд ги чека пеколното градско дерби со Рома која што ќе биде наострена со Жозе Мурињо од клупата. Од таа причина и поради згуснат распоред, Маурицио Сари реши Сергеј Милинковиќ-Савиќ да не го почне од старт мечот со Салернитана (Србинот досега ги започна сите средби во Серија А како стартер).
Ама губеа 1-2 и Сари одлучи да го стави во игра во 64’ минута. Сергеј по еден дуел со противнички играч при обид да додаде топка, според главниот судија Манганело направил фаул за жолт картон. А како тоа му беше парен жолт картон, ќе го пропушти дербито со Рома поради суспензија.
А најверојатно ќе го пропушти и Чиро Имобиле кој е ровит од повреда.
Лацијалите збеснаа по непостоечкиот жолт картон за Сергеј кој ќе го чини отсуство. А навивачите приложија и видео на кое се гледаат двојни аршини на главниот судија:
„Немаше ни фаул, а камоли за жолт картон. Никогаш не сум видел такво нешто во педесет години. Милинковиќ-Савиќ имаше посед на топка кога тоа се случи. Ако кажам што стварно мислам за оваа одлука, тогаш ќе суспендираат на шест месеци“, изјави тренерот на Лацио Маурицио Сари после мечот за каналот DAZN.
Интересно, претседателот на Лацио Клаудио Лотито во 2011-та година ја спаси токму Салернитана од банкрот, го помогнал клубот финансиски и тимот од Југот на Италија од Серија Д стигна пак назад до елитната Серија А.
Но таму во А, на Лотито законите му забрануваат да води два клуба од ист ранг, така што тој морал да се откаже од раководство во Салерно.