Фудбал

Кралевите на Европа, приказната на Челси

Британската телевизија Скај Спортс оваа недела го прикажа документарецот „Кралевите на Европа, приказната на Челси“ за патот на „сините“ до европскиот трон.

Каморанези казнет за фаул од пред 18 години

Поранешниот репрезентативец на Италија, Мауро Каморанези заработи казна за груб старт направен на натпревар во 1994-та година со кој му ја заврши кариерата на противничкиот фудбалер.

Успешен ден за Македонците во Лига Европа

Во првото коло од Лига Европа настапија пет од осумте македонски претставници и сите забележаа солидни резултати, а најуспешен беше Агим Ибраими кој постигна гол против Панатинаикос.

По 23 години пропуштил натпревар заради дупната гума

Навивачот на англискиот клуб Оксфорд Јунајтед ги следел во живо последните 1253 натпревари на својот омилен клуб, но оваа серија по 23 години била прекината заради дупната гума на неговиот автомобил.

Среќлија на векот

Натпреварот од азиската Лига на шампиони помеѓу Сепахан и Ал Ахли за малку ќе се претвореше во трагедија. Домашен фудбалер од теренот отстрани бомба мислејќи дека е камен.

Ладнокрвниот Касиљас

Победничкио гол на Реал Мадрид против Манчестер Сити предизвика ерупција помеѓу гледачите и му ја врати насмевката на Кристијано Роналдо, но Икер Касиљас не се ни помрдна.

Рекорден број Македонци во Лига Европа

Во недостаток на македонски клубови во европските натпреварувања и на македонски фудбалери во клубовите кои играат во Лигата на шампиони, вниманието на македонската јавност ќе биде насочено кон Лига Европа каде оваа сезона ќе настапат дури осум наши играчи.

Челси и Јуве ремизираа, Меси ја спаси Барса

Ефикасен и интересен втор ден од првото коло на Лигата на шампиони. Актуелниот шампион Челси пропушти водство од два гола против Јувентус, а Меси постигна два гола за пресврт на Барселона против Спартак.

86 години Сан Сиро

На денешен ден во 1926-та година со натпревар помеѓу Милан и Интер во употреба беше пуштен сегашниот најголем стадион во Италија, Сан Сиро.

Челси тргнува во одбрана на титулата

Вечерва ќе се одиграат натпреварите од Е, Ф, Г и Х групите од Лигата на шампиони, а најинтересен ќе биде дуелот на актуелниот европски владетел Челси и италијанскиот шампион Јувентус.

Динамо Загреб руши неславни рекорди

Хрватите рушат рекорди, но неславни. Минатата година Динамо Загреб стана најлошата екипа што некогаш играла во Лигата на шампиони, а оваа сезона тие го срушија и рекордот за најмала посетеност на натпревар од Лигата на шампиони.

Лучо Гонзалез - јунак на денот

Капитенот на Порто, Лучо Гонзалез, три часа пред почетокот на натпреварот против Динамо Загреб ја прими веста за смртта на неговиот татко, но тој јуначки го одигра натпреварот и постигна гол.

Роналдо херој на трилерот во Мадрид

Кристијано Роналдо повеќе не е тажен. Тој ја врати насмевката откако Реал Мадрид со неговиот гол во последна минута успеа да го совлада Манчестер Сити и покрај тоа што на два пати губеше во самата завршница. Очекувани победи славеа и Порто, ПСЖ, Арсенал, Шалке, Малага и Борусија, а единствено киксна Милан.

Челси, Меси и ЛШ 2011/12

Вечерва започнува новата сезона во Лигата на шампионите која се надеваме дека ќе биде уште поинтересна од минатата сезона во која Челси ја изненади Европа. Да се потсетиме на најинтересните моменти.

Промашувањето на Рамос

Не, нема пак да го објавиме видеото со пеналот на Рамос (и покрај тоа што вреди да се гледа секој ден). Ова е видео од промашувањето на Серхио Рамос на натпреварот против Севиља.

Кога англичаните си немаат работа

Што прават англичаните кога имаат повеќе слободно време? Ги бројат имињата во англискиот фудбал.

Започнува шоуто во Лигата на шампиони

Вечерва стартува 21. издание на најелитното европско клупско натпреварување. 32 клубови од 17 земји ќе одиграат 125 натпревари и ќе се обидат да стигнат до финалето на Вембли и до трофејот кој во моментов е во сопственост на Челси.

Респект од лутиот градски ривал

Екипите на Ливерпул и Евертон се огромни ривали на теренот, но надвор од него помеѓу навивачите на двата клуба постои взаемна почит, а тоа денес повторно се докажа. Пред почетокот на натпреварот против Њукасл, Евертон им оддаде почит на 96 навивачи на Ливерпул кои загинаа пред 23 години на Хилсборо.

Ноер ја погоди целта

Мануел Ноер освен што е еден од најдобрите голмани во Европа, докажа дека е добар и како играч. Минатата сезона реализираше пенал на финалето од ЛШ против Челси, а викендов по кратко жонглирање успеа од 50 метри да го погоди во глава соиграчот Тони Крос.

Најлошиот старт во кариерата на Мурињо

Жозе Мурињо ја започна сезоната на погрешно стапало. И покрај тоа што стартуваше со трофејот кој му недостасуваше - шпанскиот Суперкуп, резултатите во лигата му го донесоа најлошиот старт од почетокот на неговата тренерска кариера.

Реал Мадрид веќе ја загуби титулата?

Шпанските медиуми тврдат дека самите фудбалери на Реал Мадрид не веруваат дека можат да ја стигнат Барселона и дека Мурињо нема да ја издржи целата сезона, а во тој прилог оди и историјата која вели дека Реал Мадрид никогаш не успеал да надомести заостанување од осум поени.

Навивачки нереди во Србија

Петтото коло од Суперлигата во Србија беше одбележано со тепачки помеѓу навивачите пред и за време на натпреварот помеѓу Раднички Крагуевац и Црвена Звезда.