Мауро Каморанези во 1994-та година како член на аргентинскиот клуб Алдосиви на натпреварот против Алварадо направи груб старт врз Роберто Пицо. Противничкиот фудбалер заработи тешка повреда со која загуби 39% од капацитетот на коленото и бил проморан да ја заврши кариерата.
18 години по тој старт, судот во Буенос Аирес донесе одлука дека Каморанези треба да му исплати на Пицо 50.000 евра плус камата.
„И покрај тоа што стартот не може да се смета како намерен, сепак тој е премногу груб според спортските правила", стои во пресудата.
Каморанези ја продолжи кариерата во Италија каде одигра над 200 натпревари за Јувентус и 55 пати го носеше репрезентативниот дрес, а во 2006-та година го освои и Светското првенство.