И покрај тоа што неговиот клуб никогаш не забележал некој поголем успех и во моментов се наоѓа на 16-та позиција во четвртата по ранг англиска лига, Енди Џејмс цели 23 години немал пропуштено ниту еден натпревар на Оксфорд Јунајтед.
Неговата серија започнала на 25 фебруари 1989-та година и од тогаш тој проследил 1.253 натпревари на Оксфорд низ цела Велика Британија. Но оваа серија завршила минатата година и тоа не по негова желба.
Тој бил принуден да го пропушти натпреварот на гости против Бартон Албион откако му се дупнала гума на само 32 километри од стадионот.
„Знаев дека оваа серија мора некогаш да престане и тоа заради виша сила. Јас немав намера да пропуштам натпревар на Оксфорд Јунајтед", изјавил 59-годишниот Џејмс.
Ако може да биде тоа утеха, Оксфорд го загуби натпреварот со 4:0.