Марибор го совлада грчки Панатинаикос со 3:0, а значајна улога во оваа победа одигра македонскиот репрезентативец Агим Ибраими. Тој ги одигра сите 90 минути и беше стрелец на вториот гол во 62-та минута.
Даниел Георгиевски го одигра целиот натпревар на десната бековска позиција за Стеауа на гостувањето кај Штутгарт каде неговиот тим освои важен бод со резултатот 2:2.
Значаен бод освои и Дарко Тасевски со израелскиот претставник Ирони Кирјат Шмона кој одигра 1:1 на гостувањето кај вицешампионот од ова натпреварување, Атлетик Билбао.
Во македонскиот дуел од првото коло на Лига Европа, Александар Лазевски со Партизан и Игор Митрески со Нефчи ги поделија бодовите на натпревар без погодоци.
Тренерот на Наполи, Мацари реши да го одмори Горан Пандев, а неговиот тим го совлада АИК со 4:0. Иван Тричковски заради повреда го пропушти поразот од 4:0 на Клуб Бриж кај Бордо.
ЛИГА ЕВРОПА - 1. коло
Група А:
Удинезе - Анижи 1:1
Јанг Бојс - Ливерпул 3:5
Група Б:
Хапоел Тел Авив - Атлетико Мадрид 0:3
Викторија Плзен - Академика 3:1
Група Ц:
АЕЛ Лимасол - Борусија Менхенгладбах 0:0
Фенербахче - Олимпик Марсеј 2:2
Група Д:
Бордо - Бриж 4:0
Маритимо - Њукасл 0:0
Група Е:
Копенхаген-Молде 2:1
Штутгарт-Стеауа 2:2
Група Ф:
Днипро - ПСВ Ајндховен 2:0
Наполи - АИК Стокхолм 4:0
Група Г:
Генк - Видеотон 3:0
Спортинг Лисабон - Базел 0:0
Група Х:
Интер - Рубин 2:2
Партизан - Нефчи 0:0
Група И:
Атлетик Билбао - Кирјат Шмона 1:1
Олимпик Лион - Спарта Прага 2:1
Група Ј:
Марибор - Панатинаикос 3:0
Тотенхем - Лацио 0:0
Група К:
Баер Леверкузен - Металист 0:0
Рапид Виена - Розенборг 1:2
Група Л:
Твенте - Хановер 2:2
Леванте - Хелсинборг 1:1