Фудбал

Три освежувања во составот на Јаневски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски го објави списокот за претстојниот пријателски натпревар против Словенија. На него ги нема Пандев, Новески и недисциплинираните Попов и Ристиќ, а нови имиња се Блажевски, Цикарски и Јаховиќ.

49 пати благодариме

Интер ја заврши серијата на Јувентус од 49 натпревари без пораз, а актуелниот шампион на Италија преку видео им се заблагодари на своите навивачи за поддршката.

Сенегалска бомба во Русија

Младиот Сенегалец Муса Конате кој блесна со пет гола на Олимписките игри, го постигна своето дебитантско голчиште во шампионатот на Русија за екипата на Краснодар против Динамо Москва.

Тешко е да си навивач на Ливерпул

Сигурно е многу тешко да си навивач на Ливерпул. Ај што оваа сезона се имаат радувано само на две победи на десет натпревари, туку и ги бањаат на нивен терен.

100. победа на Мурињо, Барса рутински со Селта

Реал Мадрид и Барселона прославија лесни победи, а Кристијано Роналдо и Лионел Меси не се запишаа во листата на стрелци.

Кошмарно дерби за Јувентус

Навивачите на Јувентус веројатно не можеа да замислат полошо сценарио. Заврши неверојатната серија од 49 натпревари без пораз на актуелниот шампион и тоа со пораз на домашен терен во дербито на Италија од најголемиот ривал Интер.

Челси му го препушти врвот на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед славеше против Арсенал и го искористи киксот на Челси против Свонси, па по 10 одиграни кола го запоседна врвот во англиската Премиер лига.

Голови на неделата

Уживајте во изборот на TVGOLO за најдобите десет голови од изминатите седум денови.

Фудбалот стана игра на мускули без мозок

Изминатава недела уживавме во голеадите на неколку натпревари во Англија, но ретко кој примети дека фудбалската игра има голем проблем со лошите одбрани. Денес, првокласни дефанзивци можат да се избројат на една рака, а нема да ви биде потребна ни една рака за да ги изброите тимовите со првокласна одбрана.

Три клучни фактори за успех во фудбалот

Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (CIES) од Швајцарија го издаде годишниот извештај во кој беа анализирани клучни фактори за градење на успешен фудбалски колектив.

Самоубиствениот план на ФИФА

Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да го помести терминот на одигрување на Светското првенство во 2022-та година за да се избегне крахирањето на Мундијалот заради високите температури во Катар. Меѓутоа овој план би можел да биде погубен за ФИФА и тоа заради сопствените прописи.

Фудбалска поддршка за Movember

Денес е првиот ден од месецот на мустаклиите. И ние се приклучуваме со поддршката за акцијата, а за да ве инспирираме и вие да ги пуштите, еве ги дел од најдобрите мустаќи во фудбалот.

Второлигашки голман - херој на мексичка драма

Мексиканската драма во финалето на националниот куп ја реши Алфредо Фраусто со два клучки погодоци. Но оваа приказна да биде фудбалска бајка ја прави фактот што тој е само голман на второлигашка екипа.

Челси му се одмазди на Јунајтед на уште еден луд натпревар

Синоќа Арсенал губеше со 4:0 и на крајот победи на натпревар со 12 голови, а денес во Англија се одигра уште еден луд натпревар. Челси три пати стигаше водство на Манчестер Јунајтед и на крајот победи со 5:4.

14 милиони гледачи на стадионите во Премиер лигата

За разлика од македонската лига каде се радуваме кога на некој натпревар бројот на гледачи ќе биде испишан со четири цифри, во Англија се очекува до крајот на сезоната да биде поставен нов рекорд со околу 14 милиони гледачи кои во живо ќе ги проследат натпреваритете од Премиер лигата.

Видео технологијата веќе се користи во фудбалот

Нерешителниот бразилски судија на натпреварот помеѓу Интернасионал и Палмеирас ја смени одлуката и го поништи голот на гостите откако му потшепнаа дека на видео снимката се видело дека погодокот е нерегуларен.

Преку риалити шоу до шампионска титула во Авганистан

Непоразениот тим Туфан Харирод стана првиот фудбалски шампион на Авганистан во лигата која беше оформена пред само еден месец, а дел од играчите беа бирани преку риалити шоу на телевизија.

Промашување на сезоната

Лук Ворни од Лидс на натпреварот против Саутемптон се најде пред празниот противнички гол и во ситуација каде е полесно да се погоди, но тој успеа да промаши цел гол.

Арсенал од 4:0 до 5:7

Неверојатен натпревар одиграа Ридинг и Арсенал во рамките на четвртото коло од англискиот Лига куп. Екипата на Арсенал губеше со 4:0, но на крајот по продолженијата победи со 5:7.

Елиминацијата на Јунајтед како секс со Мадона

Контроверзниот Паоло Ди Канио продолжува да ја забавува јавноста со неговите изјави.

Норвешка предлага фудбал со 12-ти играч

Одредени клубови во некои лиги добиваат помош од судиите, но во норвешката лига клубовите кои губат би можеле да добијат помош од 12-ти играч.

 

Навивачите не сакаат розово

Фудбалскиот клуб Депортиво Такира од Венецуела реши да ја поддржи кампањата за борба против рак на дојка и стандардните жолто-црни дресови ги заменија со розови. Но тоа не им се допадна на нивните навивачи кои влегоа на терен и не дозволија да се одигра натпреварот.