Борусија Дортмунд го надигра Реал Мадрид и им го продолжи германскиот кошмар. Во групата на смртта падна и англискиот шампион Манчестер Сити кој беше поразен во Амстердам. Арсенал загуби на домашен терен од Шалке, а Малага ја продлабочи кризата во Милан.
За некого можеби беше изненадување, но за добрите познавачи на фудбалот победата на Шахтјор над актуелниот европски шампион беше очекуван епилог. Екипата која е непоразена цели 11 месеци го има најстабилниот тим во Европа кој допрва ќе ги бележи своите успеси.
Немили сцени на фудбалски натпревар од Копа Судамерикана, второто по ранг клупско натпреварување во Јужна Америка. На натпреварот помеѓу Серо Портењо од Парагвај и Колон од Аргенина се судрија полицијата, навивачите и фудбалерите.
Поранешниот селектор на репрезентацијата на Македонија откри дека имал голем притисок за селектирање на фудбалери додека ја предводел репрезентацијата на Југославија.
Додека грчките клубови заради рецесијата мораа да ги кратат трошоците и да патуваат со автобус 17 часа во еден ден, Арсенал изнајми приватен авион за гостувањето кај Норич.
Во третото коло од Лигата на шампиони, актуелниот шампион, екипата на Челси загуби на гостувањето кај Шахтјор, Јувентус само ремизираше со Нордсјеланд, а Барселона и Манчестер Јунајтед триумфираа со пресврт.
Со ремито на Вардар и Металург по 10 одиграни кола на првата позиција во македонската прва фудбалска лига изби екипата на Хоризонт Здравје од Турново, најмалото населено место со фудбалски лидер во Европа.
Анализата на германската компанија Stadionwelt покажува дека од сите европски клубови кои играат на стадиони со капацитет од над 50.000 гледачи, само Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ги продаваат сите влезници за секој натпревар оваа сезона.
Прославениот шкотски клуб кој оваа година заради банкрот беше исфрлен во најнизок ранг, постави нов рекорд со 49.463 гледачи на натпревар од 4-та лига.
Фудбалерот на Наполи, Гокан Инлер за време на натпреварот кој неговиот тим го загуби од Јувентус со 2:0, во намера да изнуди прекршок изведе неверојатен актобатски потег.
Барселона прими четири голови но сепак победи. Депортиво Ла Коруња и Барселона одиграа луд натпревар до девет голови, а на крајот Каталонците славеа со 4:5. На првите четири натпревари од осмото коло на шпанската Примера беа постигнати 19 голови!
Екипата на Јувентус не само што ја продолжи серијата од фантастични 47 натпревари без пораз, туку сега е и единствена непоразена екипа во Серија А оваа сезона. На второто денешно дерби, Лацио ja зголеми агонијата на Милан и уште повеќе ја разниша позицијата на Алегри.
Челси, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити беа во негатива, но на крајот извојуваа победи. Во 8-то коло од англиската Премиер лига победи забележаа и Ливерпул, Фулам, Свонси и Вест Хем, а Арсенал загуби на гостувањето кај Норич.
Поранешниот репрезентативец на Англија и член на Ливерпул, ВБА и Виган кој во моментов брани за Шефилд Венздеј, голманот Крис Киркленд беше нокаутиран од гостински навивач на Лидс.
Оваа година World Soccer магазинот по 30-ти јубилеен пат ќе ги додели најстарите фудбалски награди за најдобриот играч, тренер и тим за 2012-та година, а денес тие ги објавија номинираните во сите категории.
Фолирантот повторно го направи тоа што го знае најдобро. Освен за давање голови, тој е и мајстор за глумење фаули. Капитенот на Уругвај си изнуди позиција за слободен удар и постигна гол, но неговата репрезентација загуби на гостувањето кај Боливија со 4:1.
Реал Мадрид и Жозе Мурињо продолжуваат со притисокот пред доделувањето на наградата за најдобар фудбалер во светот. Според португалскиот стратег, ако Меси повторно ја добие Златната Топка, тоа ќе биде криминал.
Откако Англичаните ги обвинија српските навивачи за расизам, Фудбалскиот сојуз на Србија на својот Јутјуб канал објави видео со наслов „Кого лаже Дени Роуз?" со што тие негираат дека младиот фудбалер бил жртва на расистички испади.
Според истражувањето на БиБиСи во кое се анализирани цените на 166 стадиони низ цела Велика Британија, за да посетите фудбалски натпревар на Арсенал ќе треба да издвоите пола македонска просечна плата.
Италијанскиот суд им нареди на 14 луѓе вклучени во скандалот со наместени натпревари од 2006-та година да и платат на Фудбалската федерација на Италија казна од четири милиони евра.