Дури 17 фудбалери на Еритреа беа пријавени за исчезнати во декември минатата година за време на одигрување на турнир во Уганда.
Репрезентацијата на Еритреа била веднаш елиминирана од турнирот и фудбалерите наместо да се качат на следниот авион за дома, заминале на шопинг, но само тројца од нив се вратиле во хотелот. Двајца од исчезнатите подоцна се предомислиле и си заминале дома, но 15 фудбалери и тимскиот доктор побарале азил во Уганда.
Три месеци подоцна, владата на Уганда реши да им даде азил на Еритрејците кои не сакале да се вратат во својата држава која е една од најсиромашните земји во светот и каде непочитувањето на човековите права е многу честа појава.
Ова е трет пат како Еритреа останува без репрезентацијата. Во 2007-та година 6 фудбалери добија азил во Ангола, а во 2009-та 12 фудбалери побараа азил во Кенија.