Арсенал - Баерн Минхен 1:3 (0:2)
Подолски 55 - Крос 7, Милер 21, Манџукиќ 77
Гостите од Германија тргнаа офанзивно уште од самиот старт и поведоа уште од самиот старт откако по нафрлувањето на Милер од десната страна одбраната на Арсенал се успа, а Крос ја заби топката во мрежата.
Баварците продолжија со нападите и по 21 минута по втор пат ја казнија лошата игра на Арсенал. Ван Бујтен биеше кон голот и Шчесни одбрани, но одбиената топка дојде до Милер кој зголеми на 0:2.
Топџиите во првото полувреме не шутнаа на гол, но се вратија во игра по 10 минути во вториот дел кога по една грешка на одбраната на Баерн и лошата реакција на Ноер, Подолски од мала далечина со глава ја уфрли топката во небранетиот гол.
Сепак судбината на Арсенал ја запечати Марио Манџукиќ кој во 77-та минута стрелаше за 1:3 и голема победа со која екипата на Баерн е со едната нога во следната фаза.
Порто - Малага 1:0 (0:0)
Мутињо 56
Фудбалерите на Порто ја имаа иницијативата и се закануваа кон голот на Малага, но гостите успеваа да одолеат на заканите.
Отпорот на Малага траеше до 56-та минтуа кога Мутињо ја внесе топката во голот по додавањето на Сандро за конечни 1:0 и прв пораз на дебитантот од Шпанија во Лигата на шампиони.