Светската куќа на фудбалот веќе почна да се прашува дали стадионот „Маракана" ќе биде подготвен за Купот на конфедерации кој се игра ова лето и кој впрочем претставува генерална проба пред Светското првенство идната година во Бразил.
Преговорите помеѓу владата и работничките права на градежниците не се мрднати од мртва точка, а револтот со штрајк го изразија поради неисплатените хонорари, боновите за храна, неисплатената прекувремена работа и нерегулираното здраствено осигурување.
Од владата изјавија дека се сигурни дека ќе дојдат до компромис со градежниците, но времето истекува, а рокот за изградба на „Маракана" кој најпрвин беше на 31 декември, од ФИФА се заканија дека немаат повеќе намера да го поместуваат.
„15 април е последниот рок и не можеме да чекаме ниту еден ден повеќе. Нема отстапување од тој датум до кој мора да бидат завршени сите стадиони", изјави генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке.
За реновирање на познатата арена каде се играа натпреварите од Мундијалот во 1950 година во премето на Пеле, се издвоени околу 300 милиони фунти, а тој е еден од главните стадиони каде ќе се игра Купот на конфедерациите ова лето, како и Светското фудбалско првенство по една година.
Првиот натпревар од Купот на конфедерации е закажан за 15 јуни, но претходно планирано е отворањето да биде одбележано со пријателскиот дуел помеѓу Бразил и Англија на 2 јуни.
Од вкупно шест стадиони каде ќе се играат натпреварите од Купот на конфедерации завршени се само два.