Фудбал

Тимска тепачка

Иранскиот фудбал бил многу интересен. По лудиот фудбалер кој прескокна ограда, оваа недела имаме видео од двајца соиграчи кои се истепаа на сред натпревар.

Нема надеж за тие што губат на полувреме на Олд Трафорд

Екипите кои на полувреме губат на гостување кај Манчестер Јунајтед можат да заборават на поените. Скоро 30 години никој нема победено на Олд Трафорд откако губел на полувреме.

Италијанско четвртолигашко голчиште

Андреа Гасбарони од Монца на натпреварот против Римини понижи пет противнички фудбалери пред да ја затресе мрежата во стилот на Пандев против Јувентус.

На судијата “советник“ му забранија да суди

По делењето совети на играчите на Манчестер Сити за тоа како треба да се почитуваат навивачите, на помошниот судија од мечот Арсенал – Манчестер Сити му забранија да суди натпревар од ФА Купот.

„The Special One“ одбележува 600 натпревари

Најозборуваниот тренер во денешницата, на вечерашниот четврфинален меч против Валенсија ќе прослави 600 настапи како тренер во својата кариера. Најдолго до сега остана на клупата на Челси каде на 185 натпревари подигна 6 пехари.

Бугарскиот ќелавко ќе оди во затвор

Јордан Лечков, познатиот бугарски ќелавко кој се прослави на Светското првенство во САД во 1994-та година, е осуден на казна затвор во траење од две години.

На кој меч Меси успеа да не погоди

Аргентинскиот ас им ги руши рекордите на сите славни имиња во историјата на фудбалот. На повидок е уште едно лично достигнување за Меси кое му успеало само на еден играч и поранешен фудбалер на Барселона, а тоа е легендарниот Роналдо.

Судијата го подучи Лескот

Помошниот судија на вчерашниот натпревар помеѓу Арсенал и Манчестер Сити му одржа лекција на одбранбениот играч Лескот како треба да ги почитува навивачите кои платија 62 фунти за да присустуваат на гостувањето на стадионот „Емирати“ во Лондон.

Фудбал со армиска дисциплина

Минатата недела Дин Сандерс го презеде кормилото на Вулверхемптон и веднаш реши да тренира строгост воведувајќи армиска дисциплина за фудбалерите на 18-то пласираниот англиски второлигаш.

Фудбалери во погрешни води

Спортската редакција на британскиот весник „Телеграф“ напрaви топ 10 листа на фудбалери од Премиер лигата кои имале неуспешен обид во музиката. Меѓу нив може да ги видите славните Пол Гаскоњ, Рој Кин, Рајан Гигс, Дејвид Бекам...

Автогол од масерот

Масерот на младинскиот тим на Сантос најверојатно незадоволен од тоа што неговиот тим губеше со 0:7 од ривалот Фламенго, по расправија со судијата влезе на терен и си даде автогол.

Пародија на Златната топка

Каталонската станица TV3 сними пародија со три урнебесни верзии за доделувањето на Златната топка на ФИФА.

Понижување на обезбедувачи

Навивач на германскиот клуб Хамбург на пријателскиот натпревар против Австрија влезе на терен и го понижи целото обезбедување, па мораа да интервенираат дури петмина за да го отстранат.

Џеко не ги заборава другарите од разрушеното маало

Откако постигна гол на натпреварот против Арсенал, Босанецот од редовите на Манчестер Сити со порака на својата маичка си ги поздрави другарите со кои како мал играл фудбал на улиците од разрушеното маало во Сараево.

Кога ѕвездата вреди половина тим

Статистиката поврзана со реализацијата на напаѓачите во однос на головите постигнати на целиот тим покажува занимливи резултати. Познатите фудбалски имиња во голем број од екипите постигнуваат речиси половина од вкупниот број на голови на целиот тим.

Голови на неделата

Погледнете го изборот на TVGOLO од најдобрите 10 голови за изминатите 7 денови.

ПСВ заврши во затвор

Азиската турнеја на фудбалерите на ПСВ е навистина за поздрав. Ретко сме сведоци на вакви слики каде фудбалскиот ѕвезди ги посетуваат затворениците, а потоа и ги анимираат играјќи пријателски фудбалски натпревар со нив.

Златните копачки на Меси

Четирите златни години на Лионел Меси „Адидас" му ги изграфира на новите златни копачки, кои најдобриот фудбалер на светот ќе ги облече на неделниот првенствен натпревар против Малага.

Сер Алекс Фергусон is the best

Неуморниот Шкотланѓанец е избран за најдобар тренер во 21 век според Интернационалниот институт за историја и статистика во фудбалот. Предводникот на „Црвените ѓаволи" ги победи Мурињо, Венгер, Капело и Дел Боске.

Чудо од голман

Јунакот на мечот се вика Анџело Кампос кој брани за младинската репрезентацијата на Чиле до 20 години. На турнир во Јужна Америка успеа во една иста акција на уругвајските фудбалери да им одбрани нешто што до сега не му успеало на друг чувар на голот.

 

Свонси урива рекорди во економијата

Истражувањата покажуваат дека учеството на велшкиот клуб во Премиер лигата придонесол голем раст на економијата во градот, околината, но и во целата земја. Тимот приредува големи изненадувања, а пред само два дена го победи европскиот шампион Челси во Лига Купот.

Помалку пари поголема слава

Менаџерот на англискиот третолигаш Свиндон, Паоло Ди Канио ја изненади фудбалската јавност со несекојдневна изјава. За да ги задржи најдобрите фудбалери во својот тим од свој џеб ќе им дели пари.