Хрватскиот тренер Јосип Гашпар остана без тренерската функција во нисколигашкиот тим Пречко но не поради слаби резултати, туку поради кражба. 40 годишниот Гашпар украл кредитна картичка од соблекувалната и купил 36 шишиња јегер.
Гашпар се обидел да го плати цехот од 6000 куни или околу 525 евра, но поради лимитот на картичката ги потрошил сите останати 4000 куни. Компанијата од каде што е кредитната картичка ја известила полицијата која веднаш покренала истрага.
Инаку 40 годишниот Гашпар е познат поранешен фудбалер на Динамо Загреб за кој има 425 настапи и е во топ 30 листата со најмногу настапи на Максимир.