Одлуката на УЕФА за Европското фудбалско првенство за 7 години да се одржи во 13 земји, покренува многу праша околу организацијата. Светските медиуми дури и се сомневаат дека сето ова го наложил Мишел Платини од лични причини.
Како и секој изминат трансфер период и овој пат клубовите беа растрчани по цел свет и ангажираа нови фудбалери. Најмногу пари потрошија клубовите од Премиер лигата, а најдобар бизнис направија Хрватите со над 50 пати поголем приход од тоа што потрошија.
Оваа недела наш омилен лик за сеир е соиграчот на Горан Попов од ВБА, Питер Одемвинге. Нигериецот толку многу сакаше да го напушти клубот, што без никаква дозвола синоќа отиде во просториите на КПР, но тие таму не му отвориле врата.
Фудбалските клубови стануваат се повеќе активни и популарни на социјалните мрежи. Ако големата Барселона ја надмина бројката од 8 милиони следбеници на Твитер, нашиот најтрофеен фудбалски клуб Вардар нема ниту 500.
Кога Зинедин Зидан го донесе младиот Рафаел Варан во Реал Мадрид, многумина го критикуваа овој трансфер, но на крајот во право испаднаа оние кои веруваа дека Варан не премина во Мадрид само за да ги молерисува соблекувалните.
Негодувањата на фановите се однесуваат на вчерашното гостување против Арсенал, каде нивното присуство на „Емирати" стадионот чинеше 62 фунти. Пред само неколку кола поради истата сума „Граѓаните" на Арсенал му вратија околу 900 влезници.
И покрај тоа што претседателот на УЕФА, Мишел Платини се закани со тужби за клевета, францускиот фудбалски магазин „Франс Фудбал" продолжи со изнесување на нови информации за аферата „Катаргејт".
Херојот Фабио Фереира од третата бразилска лига, кој пожртвувано интервенираше и ја исфрли топката од самата гол линија, за малку можеше сериозно да настрада.
Марио Балотели официјално станува миланска четириеспетка и ќе заработува 4 милиони годишно. За тоа колку гласови ќе му донесат на Берлускони дваесетте милиони инвестирани во Балотели, пишува нашиот специјален дописник од Италија, Емили.
По интересен натпревар исполнет со голем број шанси на двете страни, Реал Мадрид И Барселона одиграа 1:1 на првиот полуфинален натпревар од шпанскиот куп. Барселона имаше шанси да го нокаутира Реал, но домаќините во финишот израмнија преку Варан.
Одбранбениот играч на Барселона доби вистинска лекција во играта ФИФА 2013 од светскиот шампион Алфонсо Рамос кој настапи со тимот на Реал Мадрид, а Пике се разбира ја одбра екипата каде што настапува. Конечниот резултат заврши 3:1 за Кралевите.
Фудбалерите на Мали ги израдуваа граѓаните на оваа афричка земја која долги години е погодена од воени конфликти, а поранешниот член на Барселона, Сејду Кеита се понуди да ги плати бонусите ако се пласираат во полуфиналето на АКН.
И покрај огромните финансиски проблеми, малите клубови од островот не се даваат на теренот. Таков беше случајот со изненадувањето на четвртолигашот Бредфорд кој успеа да се пласира во финалето на Лига Купот, како и сензацијата која третолигашот Олдам му ја приреди на Луверпул во ФА Купот.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски во интервју за вебстраната на УЕФА ги истакна квалитетите на националниот тим и промените во играта откако тој е на кормилото на репрезентацијата.
Њукасл конечно победи по пауза од еден месец. Тие славеа на гостувањето кај Астон Вила со 1:2, а вториот погодок беше ремек-дело на Јоан Кабај и гол со кој францускиот интернационалец си се кандидираше за гол на сезоната во Премиер лигата.
Оваа недела најбизарниот црвен картон беше покажан во Холандија и тоа заради заплеткани врвки од копачките на Санхариб Малки од Рода и Мајк ван Дуинен од АДО Ден Хаг. Заради овој „дуел", судијата го исклучи гостинскиот фудбалер Малки.
Македонскиот репрезентативец Николче Новески веќе подолго време е еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата, а како потврда за неговата одлична форма оваа недела повеќе медиуми го сместија во тимот на колото во Европа.
Навивачите на холандскиот клуб ја демонстрираа најкреативната идеја во чест на својот омилен тим. Феенорд е формиран во 1908 година, а на неделното дерби против Твенте го одигра 1908 натпревар во првенствотo. На платно со димензии 45x10 најверните фанови ги испишаа сите досегашни 1907 резултати.
Според најпознатиот француски фудбалски магазин „Франс Фудбал", богатата земја која почна да инвестира енормни суми на пари во спортот, успеала да ги потплати членовите на Извршниот Комитет на ФИФА и со тоа да стане земја домаќин на Мундијалот во 2022-та година.
Модниот дизајнер од Гана кој беше најавен како екстра засилување за македонскиот фудбалски шампион, Осеи Кофи си замина од ФК Вардар, а луѓето од нашиот најтрофеен клуб сакаат што е можно побргу да го заборават и избришат неговото име.
Бразилецот Елтон кој настапува за тимот на Ал Фатех, со фантастичен погодок кој наликува на “сув лист“ ги постави конечните 3:3 на дерби пресметката во Саудиска Арабија, против екипата на Ал Ахил.