Од 15 годишно скромно момче кое разнесувало млеко, преку видео касетите на кои Морати се воодушевувал од неговите вештини на теренот, Хавиер Занети ќе биде запаметен како легенда на Интер. И покрај тешката повреда, 39 годишниот лидер на „Нероаѕурите" нема намера да се повлече од фудбалот.