Иако зад неговото име се поврзани многу контроверзи и често пати влегува во конфликт со тренерите, можеби звучи неверојатно, но Марио Балотели во досегашниот дел од неговата кариера има 100% учинок во ударите од белата точка.
На денешен ден пред 55 години во авионска несреќа во Минхен се случи авионска несреќа во која загинаа 23 лица од кои осум фудбалери и тројца членоци на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед.
Најпопуларниот и најбараниот фудбалер од Јужна Америка освен што ги полни топ листите на најдобри фудбалски мајстории, одлично знае да ги забавува неговите соиграчи пред, но и за време на натпреварите.
Светското фудбалско првенство за играчи до 20 години кое оваа година ќе се одржи во Турција, ќе биде првото глобално натпреварување на ФИФА на кое нема да настапат репрезентациите на Бразил и Аргентина.
Поранешниот англиски фудбалер кој повторно му се врати на пиењето, замина во САД каде ќе се обиде да ја излечи зависноста од алкохолот. Трошоците во центарот за рехабилитација во Феникс кои чинат 7 илјади евра неделно, ќе ги подмират четворица негови пријатели.
Доколку денеска се соберат сите славни имиња од светот на фудбалот и заедно го прослават денот на раѓање, тоа сигурно ќе биде најелитниот роденден преполн со славни фудбалски имиња. Најмлад од нив е Нејмар (21), а највозрасен Чезаре Малдини (81).
Аргентинскиот легендарен фудбалер кој моментално се наоѓа во Дубаи, револтот по обвинувањата, според кои на Италија и должи данок во износ од 40 милиони евра го искажа снимајќи се со мобилен телефон.
Дури 46 фудбалски клубови не ги исполнуваат условите на финансискиот фер плеј, се вели во извештајот на УЕФА според кој загубите на клубовите пред да почнат да се применуваат новите закони достигнале до 1,7 милијарди евра.
Сигурно се сеќавате на легендарниот тим на Реал Сосиедад кој во сезоната 2002/03 заостана само 2 бода зад Реал Мадрид во борбата за титула во шпанската Примера. Епа баш тој состав го направил овој успех со помош на допинг.
Интернационалниот фудбалски борд (ИФАБ) кој е задолжен за промена на правилата во најпопуларниот спорт, на својот следен состанок ќе дискутира за промени при досудувањето на офсајд, новите технологии, петте судии...
Удинезе се уште не може да се помири со поразот по сомнителната одлука за пенал во судиското продолжение и денес ќе протистираат со замрзната слика на својот ТВ канал.
Фудбалскиот клуб Сантос има традиција со која младинците кои ќе бидат промовирани во првиот тим мора да поминат низ „третман" од сениорите. Овој пат третманот им го направи Нејмар.
Репрезентацијата на Гана се пласираше во полуфиналето на Купот на Африкански Нации, а голманот Фатаву Дауда кој беше херој на натпреварот знаеше како да прослави и да ги исплаши гледачите крај ТВ екраните.
Со пласманот во четвртфиналето на Афричкиот Куп на нации, селекцијата на Нигерија го презентираше најголемиот дрес во светот со што го сруши светскиот рекорд на Турците, кои го поставија во април 2009 година.
Македонскиот интернационалец Горан Попов заработи директен црвен картон за плукање кон противничкиот фудбалер Кајл Вокер. На крајот Вест Бромвич Албион со фудбалер помалку загуби од Тотенхем со 0:1.
Жорж Веа во 1996-та година ја зема топката во својот шеснаесетник, го претрча цел терен и постигна гол против Верона. 17 години подоцна, 19-годишниот Нигериец Езекил Хенти од младинскиот тим на Милан го репризираше погодокот на натпреварот против Варезе.
Легендарниот англиски фудбалер кој долго време не се одделуваше од алкохолот, на хуманитарен настан кој бил организиран за борба против ракот, одржал говор во алкохолизирана состојба и им се извинил на присутните затоа што три дена по ред пиел виски.
Англиската фудбалска икона која вчера го официјализираше трансферот во ПСЖ, "пропушти" голема прилика да заигра во Норвешката осма лига. Клубот кој му достави понуда на Бекам изминатава година заработил цели 700 евра.