Лужњики ќе го менува својот изглед

Вчерашниот меч од руското првенство помеѓу Спартак Москва и Крулиа Советов беше последниот фудбалски натпревар кој се одигра на големиот и познат стадион во Москва. За потребите на Светското фудбалско првенство во 2018 година домаќините решија да го реновираат Лужњики.

Стадионот Лужњики е изграден во 1956 година, а обвонен во 1980 година за Летните Олимписки игри во Русија. Светското првенство во Рагби и Светското првенство во Атлетика се последните два големи настани кои ќе се одржат ова лето пред да се стави клуч.

Ве потсетуваме на два од најголемите фудбалски настани од поновата историја чиј домаќин беше токму овој стадион.

Манчестер Јунајтед - Челси 1:1 (6:5) на пенали
(Лига на шампиони, финале, 21 мај 2008)

Големото англиско дерби беше финалето во најквалитетното европско клупско натпреварување пред 5 години. „Сините" од Лондон предводени од Аврам Грант имаа шанса за прв да го почуствуваат успехот во Лигата на шампионите, но пред себе го имаа силниот состав на Сер Алекс Фергусон кој во тимот го имаше Кристијано Роналдо.

Португалецот во 26 минута погоди со глава и ја доведе својата екипа во водство, но Френк Лампард го израмни резултатот, а победникот се одлучуваше на пенали. Роналдо не успеа да погоди од 11 метри, а во тимот на Челси трагичари беа Тери и Ањелка.

Парма – Олимпик Марсеј 3:0
(Куп на УЕФА, финале, 12 мај 1999)

Во второто по ранг клупско европско натпреварување, во финалето се сретнаа Олимпик Марсеј и силната Парма преполна со ѕвезди. Во италијанскиот состав во тоа време настапуваа Џиџи Буфон, Лилиам Турам, Фабио Канаваро, Хуан Себастијан Верон, Хернан Креспо, Енрико Киеза, предводени од Алберто Малезани.

Составот на Парма беше пресилен за Французите, а тоа го покажаа и на теренот победувајќи со трите гола на Креспо, Ваноли и Киеза.

11 мај 2013 - 20:08