Бејл ја патентира прославата

Главната ѕвезда на Тотенхем реши да ги заштити авторските права на начинот на кој ги прославува своите голови.

Герет Бејл поднел барање за заштита на авторските права на својата препознатлива прослава. Во иднина „Симбол 11" како што ќе се вика овој знак, ќе биде користен облека и сувенири кои ќе се продаваат со негова лиценца.

Барањето е поднесено во британскиот завод за интелектуална сопственост и се уште не се знае дали ќе биде одобрено. Бејл секако не е прв, ниту единствен фудбалер со ваква прослава, но за да се разликува од другите, тој во средината на срцето го има вметнато и бројот на неговиот дрес.

10 мај 2013 - 09:59