Фудбалскиот клуб ПСЖ за прв пат по долги години е на чекор до освојување на титулата, а газдите од Катар не сакаат ништо да препуштат на случајноста и ги превземаат сите мерки за нивните играчи да останат концентрирани на фудбалот.
Познатите италијански комичари од популарното шоу „Ле Јене“ (Хиени) како дестинација за нивното препознатливо мајтепење со познати личности го одбраа Париз или поточно тимот на ПСЖ и нивните ѕвезди. Еве на каков начин се обидоа да стигнат до потпис од Пасторе, Анчелоти, Бекам и Ибрахимовиќ.
По вчерашните резултати во Англија, поранешниот член на Премиер лигата, екипата на Портсмут и официјално се сели во 4-та лига. Случајот на Портсмут е вистински доказ дека Арсен Венгер го одбра вистинскиот пат на Арсенал.
Јосип Гашпар познат во Хрватска како Јозо се посрамоти пред целата јавност, откако камерите го уловија како купува Јегермајстер со украдена кредитна картица од соблекувалната на својот тим.
Овој викенд стадионот Вембли во Лондон беше домаќин на двата полуфинални натпревари од англискиот ФА куп. Виган - Милвол и Манчестер Сити - Челси се одиграа во рок од 24 часа, а како овој период изгледа за 2 минути можете да погледнете на следното видео.
Копија или не, кореографијата на навивачите на Борусија Дортмунд на натпреварот против Малага во Лигата на шампиони, ја остави цела Европа без зборови. Навивачите вложиле огромен труд при изработувањето на кореографијата, а целиот процес го снимиле и го направиле ова одлично видео.
На навивачите на Кардиф не им беше многу мило што новиот сопственик од Малезија им го смени логото, бојата, а најави и промена на името, но вчера сите се израдуваа што по пауза од 51 година нивниот клуб се врати во најелитното англиско фудбалско првенство.
Според истражувањата на интернационалниот „Глобал Маркет Трансфер" италијанските клубови, изминатата година со просечна плата од 550 илјади евра им давале највисоки плати на фудбалерите кои дошле од странство во 2012.
Здружението на прволигаши во Франција на последното собрание воведе нов член во статутот, според кој од сезоната 2014/2015 во првата и втората француска лига ќе може да се натпреваруваат само екипи кои се наоѓаат на територијата на Франција.
Колку пати до сега сте слушнале како некој рекол „да беше голот поголем и Торес ќе постигнеше гол"? Токму тоа и се случи викендов во англиската 5-та лига. Стартот на еден натпревар беше одложен затоа што едниот гол бил „малку" повисок.
По сите оние негативни коментари за купувањето добивањето на организацијата на Светското фудбалско првенство во 2022-та година, Катарците решија да започнат кампања за промоција на својата земја и новитетите кои тие планираат да ги понудат за време на Мундијалот.
Терен без трева, буцкасти фудбалери, екипа „едвај се собравме" со само осум фудбалери... не, ова не е извештај за натпревар од македонски фудбал. Трагикомичната сцена се случи на нисколигашки натпревар во Италија.
За разлика од нашата земја каде клубовите чекаат талентот да изникне сам по себе (затоа што нели Македонија е расадник на таленти), Германците со години инвестираат во развојот на младинскиот фудбал, а сега си ја земаат дивидендата.
На кардиналните грешки на делителите на правдата изгледа дека им нема крај. Откако судиската четворка УЕФА пред неколку години ја засили со уште двајца арбитри, и тоа не помогна. Евидентните погрешни судиски одлуки честопати директно влијаат на конечниот резултат на мечот.
Александер Фреј, легендата на Базел и швајцарскиот фудбал, на 33-годишна возраст реши да ја заврши професионалната кариерата и тоа го направи на најдобар можен начин.
Марк ван дер Хорн од холандскиот тим Утрехт го избра најлошиот пат за расчистување на ситуацијата пред својот гол. Единствената утеха за неговата трагикомична грешка може да му биде тоа што немаше да смени многу и да не го дадеше, затоа што неговиот тим загуби од Аз Алкмар со 6:0.
За шпанскиот дефанзивец Каталонците знаеле колку пари фрлал на коцка, кога одел на концерти, со колку километри на час се возел и во колку часот разговарал на телефон.
Викендов на фудбалските терени во Европа беа постигнати стотици голови, но без конкуренција, најдобриот го постигна Јусеф Туту од данскиот клуб Есбјерг на натпреварот против Рандерс.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев ја продолжи голгетерската форма во Серија А и го постигна единствениот погодок за Наполи со кој неговиот тим освои бод на гостувањето кај Милан.
Руската фудбалска федерација објави дека од јуни, сите клубови од оваа земја ќе треба да плаќаат дополнителен данок доколку имаат странски тренере. Да биде иронијата поголема, последните двајца селектори кои ги најми истата таа федерација се странци.
Во редовниот преглед на најдобрите голови на неделата, свое место си најдоа мајсториите на Игуаин, Менез, Швајнштајгер, Хернанес, Дрогба, Левандовски... Уживајте!
Запознав еден млад човек со одлични идеи кој се викаше Бернаскони, со него ќе направиме еден силен Интер, раскажал легенардниот адвокат Џузепе Приско, за заинтересираниот бизнисмен кој всушност бил Силвио Берлускони.
Насилникот кој бил незадоволен од судиската одлука, на само 13 години се осмелил да го натепа судијата, но казната ја плати со забрана за играње фудбал од 2 години и 8 месеци.