Од објавувањето на минатото рангирање во август, Македонија ја совлада Бугарија на пријателски натпревар со 2:0, славеше на квалификацискиот натпревар против Велс со 2:1 и загуби од Шкотска со 1:2. Со најновото рангирање на ФИФА Македонја бележи скок од дури 14 позиции и се искачи на 75 место.
Најдобро рангирана селекција од нашата квалификациска група е Белгија која се искачи до 6-та позиција. Хрватска е на 10-то место, a Србија е 43-та. Селекцијата на Велс има пад од 6 позиции и се наоѓа на 52-та позиција, а Шкотска отиде надолу дури 13 места и е 63-та.
На врвот Шпанија ја задржа лидерската позиција, а на второто место се искачи Аргентина. Следат Германија, Италија и Колумбија.