Граѓаните се најдарежливи за плати

Според истражувањето на „Sportingintelligence" во соработа со магазинот „ESPN", Манчестер Сити е на прво место по делењето на најголема просечна плата во однос на сите останати спортски клубови во светот.

Екипата на Манчестер Сити е повеќе од јасно зошто се наоѓа на првата позиција на оваа табела на која лани се наоѓаше на трето место. Благодарение на Шеикот Менсур Бин Зајед Ал Нахјан кој го поседува клубот преку неговата Абу Даби Јунајтед Груп им дава најголеми плати на своите играчи.

На годишно ниво тоа изнесува во просек по 5,2 милиони фунти за секој играч или 100.000 фунти неделно. На втората позиција е американскиот бејзбол клуб Лос Анџелес Доџерс кој направи скок од дури 69 места со годишни плати од 4,8 милиони фунти. Трети се „Кралевите" кои делат просечни годишни плати од 4,7 милиони фунти.

Фудбалот дефинитивно е доминантен на оваа листа со просечни плати затоа што помеѓу најдобрите 10, дури седум се фудбалски екипи. Минатогодишниот тим на Барселона кој беше прв минатата година, сега се наоѓа на четвртата позиција, а петти е бејзбол клубот Њујорк Јанкес.

Најголеми годишни и неделни просечни плати во спортот изразени во фунти:

1. Манчестер Сити 5,239,750 (100,764)

2. Лос Анџелес Доџерс 4,855,783 (93,380)

3. Реал Мадрид 4,718,172 (90,734)

4. Барселона 4,690,430 (90,201)

5. Њујорк Јанкес 4,649,188 (89,407)

6. Милан 4,251,111 (81,752)

7. Лос Анџелес Лејкерс 4,090,913 (78,671)

8. Челси 4,058,742 (78,053)

9. Баерн Минхен 4,000,036 (76,924)

10. Интер 4,000,000 (76,923)

 

Табелата со првите 100 клубови тука.

13 септември 2013 - 18:28