Како Зеленортските острови останаа без Мундијал

Малиот остров од Африка не успеа да си го исполни сонот и поради бизарна причина нема да има можност да стане најмалата африканска земја на едно Светско првенство.

Селекцијата на Зеленортските острови го играше клучниот меч против Тунис на кој се одлучуваше кој ќе се пласира во плејофот за Мундијалот во Бразил и само со победа ќе успееше да се искачи на првата позиција која носи понатамошен пласман.

Но радоста ја расипа Фернандо Валера кој иако требал да одлежи суспензија од четири меча, тој настапил за својата земја. ФИФА победата му ја препиша на Тунис со службени 3:0 и ја казни Фудбалската Федерација со 6.400 долари затоа што пријавила играч кој немал право на настап.

Репрезентацијата на Тунис со службените 3 бода има вкупно 14, а Зеленортските острови 9 бода. Со тоа тие влегуваат во плејофот каде од 10 селекции, само пет ќе обезбедат учество во Бразил. Зеленортските острови кои имаат нешто помалку од половина милион жители пропуштија златна шанса да станат најмалата африканска земја која се пласирала на едно Светско првенство.

Единственото меѓународно натпреварување на кое учествувале е годинашниот Афрички Куп на нации каде стигнаа до четвртфиналето.

13 септември 2013 - 14:43