Швајцарскиот фудбалски клуб Луцерн имаше добар старт на сезоната со три победи и две нерешени, но сепак претседателот и главен инвеститор, 68-годишниот Бернанрд Алпстаг е незадоволен од слабата посетеност на нивниот стадион.
Со желба да привлече поголем број на навивачи, тој добил идеја да ја подгрева атмосферата на стадионот пред натпреварите со помош на стриптизети.
„Добро ни оди оваа сезона. Имаме одличен тим. Луцерн инспирира. Луцерн е повторно секси. Но можеме да бидеме уште поатрактивни. Сакам да има шоу пред натпреварите. Би сакал оскудно облечени секси танчерки да ги забавуваат гледачите. Гарантирам дека стадионот ќе биде полн!", изјави првиот човек на ФК Луцерн.
Според швајцарски Blick, тој е сериозен околу својата идеја и веќе разговарал со челниците на лигата. Проблемот е што според правилата на швајцарската лига, еден час пред натпреварот на теренот не смее да има никој друг освен фудбалерите и ТВ екипата.