На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени паровите за полуфиналето на Лигата на шампиони. Руд ван Нистелрој ги извлече двојките Баерн Минхен - Барселона и Борусија Дортмунд - Реал Мадрид.
Џабе им се сите титули на Мурињо и Фергусон ако не се средени. Ако немаат добра фризура и ако не се бричени, тогаш тие нема шанси да бидат тренери на швајцарскиот прволигаш Луцерн чиј спонзор го вработи последниот тренер според неговиот изглед.
Негативата од два погодоци по првите натпревари која ја бркаа Рубин, Лацио и Њукасл се покажа како недостижна. На најинтересниот дуел во Базел, домаќините по изведувањето на пенали го елиминираа Тотенхем.
По големата и долга неизвесност, како и патењето на најверните фанови, во Англија се случи најголемиот навивачки гест во историјата на фудбалот. Навивачите на Портсмут со свои пари го спасија поранешниот премиерлигаш и го вратија во живот.
Фудбалскиот клуб Бенфика заедно со нивниот спонзор снимија одлично видео како дел од кампањата „Сите сме Бенфика" чија цел е доближување на клубот и играчите до навивачите.
Лигата на Европа вечерва ќе ги добие четирите екипи кои ќе ги оформат полуфиналените двојки. Со солидна преднот од првите дуели влегуваат три екипи, додека во Швајцарија се очекува да се одигра најинтересната и најнеизвесната битка по оние 2:2 во Лондон.
Бразилецот Данило од екипата на КРАК на натпреварот од бразилскиот куп против Наутико го постигна најлудиот гол на сите времиња. Дури и стрелецот на голот не си го виде своето „ремек дело".
Абел Родригез е Мексиканец кој работи како чистач во метрото во Лос Анџелес. На прв поглед тој нема ништо заедничко со Жозе Мурињо, но неодамна тие станаа главни актери на една неверојатна приказна во која Родригез беше талисман на Реал Мадрид на натпреварите против Барселона и Манчестер Јунајтед.
По константното искачување на ФИФА ранг листата во последните 5 месеци, фудбалската репрезентација на Македонија на последното издание на рангирањето падна на 83-та позиција.
Голманот на романскиот клуб Стеауа, Разван Станка имал блиска средба со навивачите на градскиот ривал Рапид од Букурешт кои му скршиле прст на раката, повреда која ќе го одалечи од терените барем еден месец.
Барселона и Баерн Минхен им се придружија на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во полуфиналето на шпанско-германската пресметка од Лигата на шампионите. Барса тешко мина против составот на Карло Анчелоти и со 1:1 го елиминираше противникот, Баварците повторно подобри со 2:0.
Срамната приказна ни доаѓа од ултра тифозите на италијанскиот прволигаш Џенова кои собрале 70 илjади евра за операција на 5 годишно дете, но потоа откриле дека неговиот татко кој исто така навива за клубот, со парите почнал да си отплаќа долгови.
Со ваков наслов на книга поранешниот бразилски напаѓач Валтер Казагранде решил да си го опише бурниот живот со низа успеси во неговата 15 годишна кариера, но и со големата зависност од сите можни дроги кои ги земал како млад.
Жозе Мурињо е многу интелигентен тренер и остроумен тактичар на теренот, но една од неговите најдобри особини е и односот кој тој го развива со неговите играчи. Тој третман добро го искусија Весли Снајдер и Дидие Дрогба.
По вчерашниот пласман на Реал и Борусија во полуфиналето, елитното натпреварување ќе ги добие и останатите два полуфиналисти. Баерн Минхен во славеничка атмосфера ќе ги брани оние 2:0 од Минхен, а ПСЖ ќе брка изненадување на „Камп Ноу".
Новиот германски шампион, Баерн Минхен на секој натпревар исполнува 100% од капацитетот на својот стадион, но не е најгледан тим во Европа. На листата на најгледани екипи е и четвртолигашот Глазгов Ренџерс чии натпревари имаат повеќе публика од многу европски гиганти.
Навивачите на Борусија Дортмунд на натпреварот против Малага ја изведоа можеби најдобрата кореографија во Лигата на шампиони. Со вакви навивачи, да ти е ќеиф што Борусија Дортмунд избори пласман во полуфиналето за да можеме пак да ја видиме атмосферата на Вестфален.
Екипата на Малага го имаше сензационалниот пласман во полуфиналето се до 90-тата минута, но Ројс и Сантата во последните мигови од мечот го шокираа гостинот и го елиминираа со 3:2. Со ист резултат заврши и мечот во Истанбул каде Галатасарај славеше над Реал Мадрид.
Нема потреба повеќе од чекање, челните луѓе на Фудбалската Асоцијација на Англија од наредната сезона ќе им ги олеснат маките на судиите, кои до сега не признаа еден куп чисти голови кои ја минаа гол линијата.
Претседателот на прволигашот од Чиле, клубот Сан Маркос преку својот профил на Фејсбук побара совет од навивачите за тоа дали да му врачи отказ на тренерот по серијата лоши резултати.
Матеус, Подолски, Сеп Маер, Лаудруп... заедно на теренот во еден кадар и Ноер, Геце, Окоча, Леман... во друг кадар. Маестрални видеа креирани по повод одбележувањето на 50 годишнината од формирањето на германската Бундеслига.