Најдобрите играчи во последните 20 години

Светската кладилница „Betclic" со помош на своите фанови направи листа со десетмина фудбалери кои ги одбележаа последниве две декади.

За секој играч наведен е вкупниот број на настапи за сите клубови каде што настапувал, како и за репрезентацијата и колку гола постигнал одделно.

Вметнати се и бројот на освоени титули на сите натпреварувања, а со оглед на тоа што истражувањето го направи италијанската верзија на „Betclic" со бојата на дресовите се прикажани и италијанските екипи за кои настапувале фудбалерите.

Анкетата е направена преку фан групите на кладилницата на социјалните мрежи со прашањето: Кои се најдобрите фудбалери во последните 20 години, а под сликите на играчите може да ја видите и нивната популарност на Фејсбук и Твитер, односно бројот на нивните фанови.

13 септември 2013 - 16:52