По примерот на англискиот клуб Дерби, за педесетина години трибината на стадионот во Автокоманда би го носела името на Елвис (Џемо) - економот на Работнички, Вардар и Металург.
Челниците на петте водечки лиги во Европа испратија предупредувачко писмо до ФИФА со кое го искажаа своето незадоволство за плановите за поместување на Светското првенство во Катар и негово одигрување во зимските месеци.
Дани Алвес ја заби топката во мрежа со глава на начин на кој би му позавиделе многу напаѓачи. Проблемот е што ја заби во сопствениот гол, а тоа беше и единствениот погодок на натпреварот со што Швајцарија успеа да го совлада Бразил.
Човекот кој до пред неколку години играл за нисколигаши и работел во фабрика за производство на цвекло, на 31 година имаше деби од соништата за репрезентацијата на Англија и го постигна победничкиот гол против стариот непријател Шкотска.
Фудбалската репрезентација на Македонија славеше победа на пријателскиот натпревар против Бугарија со головите на Ибраими и Трајковски и ја прекина серијата од четири порази без постигнат погодок.
Дефанзивецот на Бока Јуниорс, Даниел Диаз ја закова топката во мрежата на Њуелс Олд Бојс со овој прекрасен волеј, но неговиот тим на крајот сепак загуби со 2:3.
Европските фудбалски гиганти добија предупредување од УЕФА која е цврсто решена да ги спроведе законите на финансискиот фер плеј при што на никого нема да му биде прогледано низ прсти.
Пред почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига која ќе биде одбележана со новите тренерски имиња на трите водечки клубови помеѓу кои и Жозе Мурињо, португалскиот стратег го откри патот до успехот со екипата на Челси.
Чуварот на мрежата на младинската репрезентација на Шкотска не само што прими шест гола на натпреварот против Англија, туку успеа да направи и киксови за кои му се смее цел свет.
Фудбалската асоцијација на Англија ја води програмата за почитување уште од 2008. година, а за последната нивна кампања тие добија помош од огромен робот.
Навивачите на германскиот второлигаш Фортуна Дизелдорф го обвинија својот фудбалер Тобијас Левелс за поразот од Минхен 1860, но неговите солзи по неколку минути го направија херој.
Можете ли да замислите во еден тим да играат Лионел Меси, Паоло Мадлини, Пеле, Диего Марадона... а тимот да го води Жозе Мурињо? Од оваа сезона таа слика ќе можеме да ја видиме на теренот на англискиот шестолигаш Фарнборо.
Деновиве на фудбалските терени освен играчите, во центарот на вниманието беа и неколку судии со нивните комични или катастрофални реакции. Еден таков ни доаѓа од Бразил, а друг од Франција.
Инспирирани од мапата на нациите кои се претставени во англиската Премиер лига и ние решивме да направиме скромна мапа на нациите на играчите кои настапуваат во македонската Прва фудбалска лига.
Не е само Луис Суарез со мерак за гризење на противнички фудбалери. Тоа го направи и Едвин Хуртадо од Депортиво Куеведо на натпревар против еквадорската Барселона.
Во исчекување на почетокот на новата сезона во Премиер лигата, Англичаните направија секакви можни анализи, сумирања, предвидувања... а неизбежно беше и креирањето на графикон со мапа на нациите претставени во лигата.
Дидие Дрогба е синоним за трофеи. Со неговиот гол во 99. минута Галатасарај го освои третиот трофеј по неговото пристигнување во Турција, а 10. голем трофеј за кој е заслужен Дрогба.
Денес имавме тешка задача при доделувањето на нашето признание за офсајд лик затоа што во конкуренција беа двајца трапави голмани, но сепак решивме предност да му дадеме на Перуанецот Хуан Флорес во однос на голманот на Челси, Марк Шварцер.
Вечното градско дерби на Букурешт помеѓу Динамо и Стеауа помина со сите салтанати и како што му доликува на едно дерби со прекрасна кореографија, тепачки, голови...