Фудбал

Балотели утна пенал!

И тоа се случи! Марио Балотели го промаши првиот пенал во својата сениорска кариера. Јунакот кој го одбрани првиот пенал по 20 успешни реализации во серија е Пепе Реина при победата на Наполи на гостувањето кај Милан од 1:2.

Голови на неделата

Во изминатите седум денови видовме многу прекрасни голови на фудбалските терени за време на натпреварите од националните и континенталните првенства, а ова се најдобрите десет од нив.

Супер фудбалски викенд

И да врне и да вее викендов ич да не ви е мака. Заборавете ја малку работата, откажете го состанокот со девојката, грабнете го далечинскиот управувач и опуштете се со фудбал. Следува најголемиот спортски викенд што можевме да го посакаме, преполн со дерби мечеви.

Навивачка трибина за пеење на Олд Трафорд

Откако домашните навивачи се жалеа, а гостинските им фаќаа сеир за тивката атмосфера на стадионот Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед ќе собере на куп 1.400 најгласни навивачи расположени за пеење.

Потврдена кандидатурата на „Филип Втори“ за бизарното Европско

УЕФА ја потврди кандидатурата на Македонија која со својот најголем стадион се кандидираше за домаќин на еден од натпреварите на револуционерното Европско првенство. Но колку е логично еден ваков фудбалски собир да се одржува исто време во 13 држави?

Нов кикс на гостиварчанецот Мехмеди

Швајцарецот Адмир Мехмеди кој е роден во Гостивар, наместо херој по постигнатиот гол за Фрајбург, стана трагичар откако им ја подари топката на фудбалерите на Либерец кои израмнија за конечни 2:2. Летово Мехмеди се „прослави" и со едно промашување на Олимписките игри.

Клоп го догледал мечот со хаусмајсторот на Наполи

Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп беше избркан од натпреварот против Наполи во Лигата на шампиони заради недоличното однесување, по што второто полувреме го догледал преку ТВ заедно со хаусмајсторот на стадионот Сан Паоло.

Интер пишува нова историја во Серија А

Единствениот фудбалски клуб што никогаш нема испаднато во втората италијанска лига - Интер викендов ќе го одигра 2700. натпревар во Серија А.

Гол со газ

Ножички, петица, паненка, рабона, шкорпион удар... сè тоа е веќе видено и досадно. Фудбалерот на резервниот тим на Спарта Прага, Давид Ховорка постигна гол со газ и тоа намерно.

Дебакл на ПСВ и Валенсија пред своја публика

Првото коло од второто по квалитет клупско европско натпреварување донесе неколку изненадувачки резултати. Бугарскиот тим Лудогорец го посрамоти ПСВ на гости, а на домашен терен беа изненадени и фудбалерите на Валенсија од Свонси со убедливи 3:0. Демири со тимот на Сент Гален тргна победнички.

Уапсен е главниот местач во фудбалот

Најголемиот мозок за фудбалски местенки Тан Сет Енг од Сингапур кој веќе подолго време се бараше со меѓународна потерница конечно и падна на полицијата в раце. Со помош на неговата криминална мрежа се верува дека наместил над 600 натпревари и заработил 58 милиони долари.

Демири против Кубан, Марковски домаќин на Трабзонспорт

Откако минатата сезона пишувавме за осуммина наши претставници во Лигата на Европа, од вечерва тоа ќе го правиме само за двајца, Мухамед Демири кој со тимот на Сент Гален е домаќин на руската екипа Кубан Краснодар и Бојан Марковски со Аполон Лимасол го пречекува тимот на Трабзонспорт.

СП Катар 2022 мора да се игра во зима

Членовите на УЕФА се сложни околу тоа дека Светското првенство кое во 2022-та година ќе се одржи во Катар, мора да се одигра во зимскиот период.

Среќен роденден Симан!

Легендарниот голман на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Симан денес го слави својот 50 роденден. Ние како големи почитувачи на ликот и делот на Дејвид Симан, би сакале да ја искористиме оваа прилика и да му го честитаме јубилејниот роденден со еден видео клип.

Како Базел стана влијателен европски клуб

Челси беше шокиран од клубот кој веќе неколку сезони ги освојува симпатиите на љубителите на фудбалот, но за добрите познавачи ова замрсување на сметките на европските гиганти не претставува сензација. Нашите клубови треба да учат од примерот на Базел како тие станаа сериозен европски клуб.

Челси се посрамоти, хет-трик на Меси

Наполи ја совлада Борусија на дербито од првото коло во кое сите фаворити освен Челси славеа победи. Пандев настапи од 77-та минута, а Даниел Георгиевски ги одигра сите 90 минути при поразот на Стеауа на гостувањето кај Шалке.

Клоп полуде

Борусија Дортмунд имаше лошо прво полувреме против Наполи во кое домаќинот поведе, Вајденфелер доби црвен картон, а Хамелс се повреди, по што тренерот Јирген Клоп збесна и му се истури на помошниот судија.

Со помалку „Тики така“ до поголема ефикасност

Иако е многу рано за ваков тип на статистика шпанските медиуми веќе почнаа детално да ја анализираат досегашната работа на Каталонците под водство на Херардо Мартино. До сега таа покажува дека со помалку пимплање на топката фудбалерите на Барселона се поефикасни.

„Црвените ѓаволи“ со рекорден приход минатата сезона

Актуелниот шампион во Премиер лигата може само да се пофали со завршената работа за изминатите 12 месеци. Покрај титулата во минатата сезона, клубот остварил рекорден приход од 363 милиони фунти и им ги зголемил платите на фудбалерите.

Пандев ја пречекува Борусија, Георгиевски гостува во Гелзеркирхен

Двајцата наши претставници во најелитното клупско европско натпреварување имаат пред себе два големи германски предизвици. Во најтешката група Наполи стартува против ланскиот финалист Борусија Дортмунд, а Стеауа го чека дуел со Шалке.

Офсајд лик: Тапаву Капини

Наш офсајд лик на денот е голманот на Амазулу од Јужна Африка, Тамаву Капини кој со желба да чува време, им подари гол на фудбалерите на Бидвест Витс.

Голчиштето на Жигиќ

Поранешниот српски репрезентативец ја враќа својата форма со играње за младинците на Бирмингем и на натпревар против врсниците од Лидс постигна прекрасен погодок со волеј удар.

Утките на Руни и Ван Перси

Манчестер Јунајтед го победи Баер Леверкузен со 4:2, а во листата на стрелци се запишаа Робин ван Перси и Вејн Руни (два пати), но освен головите, тие на овој натпревар направија и по едно големо промашување.

Тренерите ѕвезди и талентите во младинската ЛШ

Новата сезона во најквалитетното европско клупско натпреварување ќе биде историска. Од оваа сезона стартуваше и младинската Лига на шампиони односно УЕФА младинска лига (UEFA Youth League) во која за сега главни ѕвезди се тренерите.