Актуелниот европски шампион Баерн Минхен како првопласиран од групата Д се пласираше во осмина-финалето од Лигата на шампионите, а таму преку последното коло од групната фаза се провлекоа Шалке, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен.
Германците имаат четири екипи во групната фаза од пред три години, а за прв пат оваа сезона сите четири се пласираа помеѓу најдобрите 16.
Четири претставници има и од Англија (Манчестер Јунајтед, Челси, Манчестер Сити и Арсенал), а три екипи се од Шпанија (Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид).
Милан е единствениот „преживеан" од Италија. По еден тим во осмина-финалето ќе имаат и Франција, Грција, Русија и Турција.
Извлекувањето на паровите за нокаут фазата ќе се одржи во понеделник, а екипите ќе бидат поделени во две групи:
Победници на групите: Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен, Челси, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид и Барселона.
Второпласирани екипи: Баер Леверкузен, Галатасарај, Олимпијакос, Манчестер Сити, Шалке, Арсенал, Зенит, Милан.
Првите натпревари од осмина-финалето ќе се одиграат на 18 и 19 февруари, а реваншите се закажани за седум дена подоцна.
Четврт-финалињата и полу-финалните натпревари ќе се одиграат во април, а финалето е закажано за 24 мај и ќе се одигра на Естадио да Луж во Лисабон.