Навивачот на Ајакс се врати во живот

Од холандскиот клуб информираат дека критичниот период за навивачот поминал и дека неговата состојба е стабилизирана.

Најпотресниот момент од петтото коло во Лигата се случи пред две недели кога за време на натпреварот помеѓу Ајакс и Барселона навивач на домашниот тим при прославата на вториот гол падна од 10 метри.

46 годишниот навивач беше во кома, а некои медиуми дури пренесоа дека тој не го преживеал падот. Клубот со соопштение ја известува јавноста дека фанот на Ајакс се уште е на интензивна нега, но состојбата му е слабилна.

Навивачот претрпе тежок пад и заработи сериозни повреди на главата, а клубот во консултации со неговото семејство и натаму ќе ја информира јавноста за неговата состојба.

10 декември 2013 - 15:52