Пирова победа на Наполи

Наполи и Горан Пандев беа на чекор до пласман во следната фаза, но Борусија Дортмунд се провлече во самиот финиш. Милан е единствен преживеан италијански тим во осмина-финалето, а таму се пласираа и Шалке, Арсенал и Зенит.

Шалке, Арсенал, Борусија Дортмунд, Зенит и Милан се последните патници во нокаут фазата на Лигата на шампиони. Таму веќе чекаа Манчестер Јунајтед, Баер Леверкузен, Реал Мадрид, Галатасарај, ПСЖ, Олимпијакос, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Челси, Атлетико Мадрид и Барселона.

Група Е
Шалке – Базел 2:0
Дракслер 52, Матип 57

Челси – Стеауа 1:0
Георгиевски 12аг

Табела: Челси 12, Шалке 10, Базел 8, Стеауа 3

Група Ф
Наполи – Арсенал 2:0
Игуаин 73, Каљехон 93

Марсеј – Борусија Дортмунд 1:2
Диавара 14 – Левандовски 4, Гроскројц 87

Табела: Арсенал 12, Борусија Д. 12, Наполи 12, Марсеј 0

Група Г
Атлетико Мадрид – Порто 2:0
Раул Гарсија 15, Диего Кошта 37

Австрија Виена – Зенит 4:1
Хозинер 44, 51, Јун 48 – Кержаков 35

Табела: Атлетико Мадрид 16, Зенит 6, Порто 5, Австрија 5

Група Х
Барселона – Селтик 6:1
Пике 8, Педро 40, Нејмар 45, 48, 58, Тељо 72 - Самарас 88

Милан – Ајакс 0:0

11 декември 2013 - 22:42