Кристијан Виери добил понуда да учествува на продажба на луксузни станови во Рим кои се продавале на аукција, но не знаел дека зад организаторите всушност се криела банда која преку повеќе измами заработувала милионски суми на пари.
Полицијата ги открила шестмината сторители кои организирале лажирани аукции во периодот од 2001 до 2006 година со станови во центарот на Рим за кои лажеле дека се од непроценлива вредност, а сето тоа го организирале со лажни документи.
Еден од жртвите бил поранешниот напаѓач кој купил станови во вредност од скоро 3 милиони евра, но за среќа измамниците се веќе фатени и за делата ќе одговараат на суд.