А група
Манчестер Јунајтед – Шахтар Доњецк
Реал Сосиедад - Баер Леверкузен
Украинскиот шампион немаа воопшто лесна задача за да стане осминафиналист затоа што му требаат 3 бода на „Олд Трафорд", без да води грижа што ќе се случува на средбата во Шпанија. Германците ќе одат на триумф против аутсајдерот во групата, а за пласман во следната фаза ќе се надеваат веќе пласираниот Јунајтед да му откине барем бод на Шахтар.
Табела: Манчестер Јунајтед 11, Шахтар 8, Баер Леверкузен 7, Реал Сосиедад 1
Б група
Копенхаген - Реал Мадрид
Галатасарај – Јувентус
Борба за втората позиција ќе се води и во оваа група, но во директен дуел во Истанбул. На италијанскиот шампион му е доволно само бод за пласман во топ 16 фазата, а фудбалерите на Роберто Манчини мораат да одат на победа.
Табела: Реал Мадрид 13, Јувентус 6, Галатасарај 4, Копенхаген 4
Ц група
Бенфика – ПСЖ
Олимпијакос - Андерлехт
Третото слободно место од вечерашните четири групи ќе го пополни една од екипите на Олимпијакос и Бенфика. Грците се во подобра положба затоа што имаат полесен противник, а и во случај на ист број на бодови одат понатаму поради тоа што се подобри во меѓусебните дуели со Португалците.
Табела: ПСЖ 13, Олимпијакос 7, Бенфика 7, Андерлехт 1
Д група
Баерн Минхен - Манчестер Сити
Викторија Плзењ - ЦСКА Москва
Во Д групата работите се веќе јасни, а шанси за освојување на челната позиција се уште има Манчестер Сити, но само доколку го победи европскиот шампион на гости со минимум еден гол разлика.
Табела: Баерн Минхен 15, Манчетсер Сити 12, ЦСКА Москва 3, Викторија Плзен 0