Фудбал

Барселона интернационале

Успесите на Барселона се темелат на многу нешта почнувајќи од одлично организираната младинска академија од каде излегуваат многу таленти. Доказ за нивниот квалитет е што во сите категории имаат дури 57 репрезентативци, а еден од нив е се разбира и Давид Бабунски.

Четири гола за 11 минути

Ибрахимовиќ пред неколку дена стана десеттиот фудбалер кој успеа да постигне четири гола на еден меч во ЛШ, но ваков махер во Лигата на шампионите добија и Американците во КОНКАКАФ зоната, а тоа е Николас Муноз кој во дресот на Исидро Метапант стана првиот со четири погодоци во ова натпреварување кој успеа да ги постигне за само 11 минути против Лос Анџелс Галакси.

Голови на неделата

Во изборот од десетте најдобри голови оваа недела Златан Ибрахимовиќ е застапен со две голчишта, а свои ремек-дела имаат и Хулк, Касами, Кавани, Вилшер, Ремзи, Гуарин...

Богата викенд дерби понуда во Типстер

Токму ова го чекавме со душа. Дерби во Шпанија, Англија, Германија, Франција, Португалија. Вистинско време за уживање пред малите екрани со пиво и пуканки, но и разонода со нашиот Типстер каде очекуваме да ги покажете вашите вештини во типување на најинтересните средби овој викенд.

Индиски фудбал со пензионирани ѕвезди

Земјата во која нема професионална фудбалска лига ниту две полни децении, се подготвува за револуција во најпопуларниот спорт со многу познати фудбалски легенди како Фреди Љунберг, Двајт Јорк, Хернан Креспо и Роберт Пирес.

Двоен волеј

Периодов се изнагледавме мајстории од третолигашки клубови. Овој пат за издвојување е одличната акција на фудбалерите на англискиот тим Карлаил Јунајтед кои постигнаа атрактивен гол со волеј удар, на кој му претходеше уште поатрактивна асистенција.

10 причини зошто Рома треба да верува во скудетото

„Римската волчица" за сега им го краде шоуто на Јувентус и Наполи за кои пред почетокот на првенството во Италија и оваа година се веруваше дека имаат најголеми шанси за титулата. Но по само осум поминати кола италијанските медиуми ја фаворизираат Рома.

Најдобрите навивачи на светот

Реномираниот француски фудбалски магазин So Foot направи листа на најдобри навивачки групи во светот на фудбалот. На првото место се навивачите на Бока Јуниорс.

Елегантна лоб мајсторија

Френк Муса од англискиот третолигаш Ковентри постигна гол со лоб удар кој не потсеќа на потезите на Роналдињо. 

Бесните птици и телефонскиот повик за судијата

Луди работи не се случуваат само на фудбалските терени во регионов. Бизарни ситуации има и на нисколигашките натпревари низ светот, само што таму има и камери за да ги снимат.

Најдоброто од Лига Европа

На 24 натпревари од третото коло на второто по ранг клупско натпреварување - Лига Европа, беа постигнати 52 гола. Ова се најдобрите пет:

Петарда за Демири во Валенсија

Единствениот македонски претставник во Лига Европа, Мухамед Демири доби шанса и го одигра второто полувреме за Сент Гален на гостувањето кај Валенсија, но неговиот тим загуби со 5:1. Со максимален ефек по три одиграни кола останаа само уште Тотенхем, Ајнтрахт, Лудогорец, Салцбург и Фиорентина.

Де Лаурентис предлага нова Лига на шампиони

Првиот човек на Наполи со предлози кои би донеле револуционерни промени во најквалитетното клупско европско натпреварување, а тоа е учество само на клубовите од најсилните лиги кои би заработувале по 200 милиони евра.

Второлигашко романско голчиште

Извонредната бомба од 40 метри ја испука Даниел Панчу од втората романска лига.

Француските екипи со штрајк против големиот данок

Во знак на штрајк на 30 ноември нема да се одигра ниту еден натпревар во првата и втората француска лига.

Денот кога се роди фудбалот

Натаниел Кресвик и Вилијам Прест се виновниците за многу брачни кавги, нервози во кладилница и тепачки на трибини. На денешен ден пред 156 години тие го оформиле првиот фудбалски клуб во светот - ФК Шефилд.

Во Русија е најлошо да се биде резерва

Русија не е баш пријатна за спорт на отворено со гаќици и дресови, па затоа гостинските фудбалери во Лигата на шампионите се молат да одат барем на загревање. Еве како вчера мрзнеа резервите на Манчестер Сити.

Пеле доби место во музејот на Феенорд, а донираше гел и чешел

Ова го може само италијански фудбалер или Кристијано Роналдо кои пред натпревар одат на фризер. Грацијано Пеле кој се најде во музејот на холандскиот тим, покрај топка, ги донираше неговите алатки со кои се разубавува пред да истрча на теренот.

Анти-паненката на Пато

Не само што Пато се посрамоти со пеналот кој му го одбрани Дида, неговиот поранешен соиграч од Милан, туку и неговиот Коринтијанс го чинеше елиминација од четврт-финалето на бразилскиот куп од екипата на Гремио.

Мухамед Демири гостува на „Местаља“

Единствениот наш претставник во Лигата на Европа го има најтешкото гостување во третото коло од второто по ранг клупско европско натпреварување. Најлесните гостински соочувања пак вечерва ги имаат Тотенхем, ПСВ и Лацио кои ќе бркаат по три бода.

Предговорот на Мурињо за автобиографијата на Дрогба

Добро е позната големата љубов помеѓу Жозе Мурињо и Дидие Дрогба која датира уште од првите нивни денови во Челси, а овој нивен однос португалскиот стратег го опиша во предговорот на автобиографијата на Дрогба.

„Сантијаго Бернабеу“ со груб старт врз Видал

„Кралевите“ добија пенал на „Сантијаго Бернабеу“, а Роналдо не погреши од 11 метри, но удар од белата точка побара и Видал кој тврдеше дека бил фаулиран од тревата на стадионот. 

Кралевите го добија италијанскиот шампион

Со двата гола на Роналдо, Реал Мадрид стигна до максималната трета победа во ЛШ. ПСЖ и Баерн Минхен со по пет погодоци беа немилосрдни против Андерлехт и Викторија Плзен, а победи остварија и Баер Леверкузен, Галатасарај и двете екипи од Манчестер. Ибрахимовиќ блесна со четири гола.