Фудбал

Навивачки караван со 328 автобуси

Атлетик Билбао во моментов нема стадион, па вечерашниот натпревар против Осасуна ќе го одигра во Сан Себастијан каде ќе одведе 20.000 навивачи со 328 автобуси.

Бразилско голчиште на денот

Крузеиро го совлада Фламенго со 2:1 на натпревар од бразилскиот куп, а стрелец на вториот погодок за домаќините беше брилијантно дело на Евертон Рибеиро кој си поигра со противничкиот дефанзивец и си ја намести топката на волеј. Брзината на неговиот удар била 94,2 километри на час.

Навивачите ја добија битката со Евертон

Откако Премиерлигашот Евертон пред неколку месеци најави дека ќе го менува логото, навивачите ги натераа челниците на клубот да им се извинат и да ги консултираат нив пред да ја направат 11. промена на логото во 135-годишната историја.

Трендови во летниот преоден рок

Трансфер пазарот ќе се затвори на 2. септември и до тогаш ќе се случат уште многу трансфери, но веќе можеме да идентификуваме неколку трендови во преодниот рок според досегашните зделки.

Пајо Патор од Бундеслигата

Тренерот на Бохум, Петер Нојрурер е еден весел лик кој редовно ги забавува медиумите и навивачите во Германија.

Не играјте фудбал во Грција, Кипар и Турција

Здружението на професионални фудбалери ФИФПро ги предупреди играчите да не потпишуваат договори во Грција, Турција и Кипар затоа што клубовите не плаќале. Очигледно луѓето од ФИФПро не слушнале за македонскиот фудбал.

Тренер претепа судија во Иран

Ирански тренер на младински тим од Техеран нападна судија по завршувањето на натпреварот, а нивната пресметка продолжи во тунелот кон соблекувалните. Судијата заврши во болница, а тренерот во полициска станица.

Офсајд лик: Анте Рукавина

Фудбалерот на Динамо Загреб најверојатно постави некој рекорд, а воедно го доби и нашето ценето признание за офсајд лик на денот. Анте Рукавина заработи црвен картон по само 30 секунди откако влезе во игра.

Македонецот Огненовски од градилиште до Светско првенство

Австралискиот Македонец кој за малку не стана член на нашата репрезентација, до пред неколку години како полу-професионален играч работел и на градилиште, а следната година 34-годишниот фудбалер ќе настапи на Светското првенство во Бразил.

Тренер се разбуди од кома по победа на неговиот тим

Тренер на англиски нисколигаш ги отворил очите по вештачки предизвикана кома откако дознал дека неговиот тим победил на воведниот натпревар од новата сезона.

Играта која ја чекате

ЕА Спортс го објави трејлерот за FIFA 14, играта која со нетрпение ја очекувате и која ќе има 33 лиги, повеќе од 600 клубови и 16.000 фудбалери. Трејлерот дополнително добива на „тежина" со гласот на Патрик Стрјуарт.

Ибрахимовиќ во репрезентацијата на Република Српска

Селекторот на фудбалската репрезентација на Република Српска изјави дека планира во составот да го повика и Златан Ибрахимовиќ.

Најбизарните клаузули во фудбалските договори

Англиските медиуми открија дека причината заради која Алекс Окслејд-Чембрлен влегува во игра по 71. минута е чудна клаузула во неговиот договор, но во историјата на фудбалот имало уште побизарни клаузули.

Ножичките на Гризман

Реал Сосиедад оствари голема предност со победата од 0:2 на гостувањето кај Лион во рамките на плеј-оф рундата од Лигата на шампиони, а првиот погодок беше ремек-дело на Антуан Гризман.

Милион барања за влезници за еден ден

Над еден милиони барања влезници пристигнале само по седум часа откако во продажба беа пуштени билетите за Светското првенство кое ќе се одржи во Бразил следната година.

Тајната на Шахтер е колење овци пред натпревар

Сензацијата во досегашниот тек на квалификациите за Лигата на шампиони е казахстанскиот клуб Шахтер Караганди, а во пресрет на нивниот дуел со шкотски Селтик, тие открија дека пред секој натпревар вршат обред со жртвување на овца.

Повеќе од обичен дрес

За фудбалерите е само една тренинг маичка, но за ова момче опремата со логото на омилената екипа носена од неговите идоли е повеќе од обичен дрес.

Најмалку Англичани во англиската Премиер лига

Премиер лигата важи за една од најквалитетните фудбалски лиги во светот, но до ова ниво Англичаните стигнаа благодарение на странците. Оваа сезона тие си го срушија рекордот со најмал број на домашни фудбалери во лигата.

Голман посрамоти колега

Кале Ронко, 36-годишен голман на фински нисколигаш, го посрамоти колегата од спротивниот табор со гол од преку 50 метри.

Несакајќи гол

Фудбалерот на Нант, Оливие Виње се обиде да нафрли, но несакајќи постигна гол со помош на голманот на Лориен.

Започнува продажбата на влезниците за Бразил 2014

На 295 денови пред почетокот, денес точно на пладне преку официјалниот вебсајт на ФИФА ќе започне процесот за продажба на влезници за Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во Бразил следната година.

Офсајд лик: Павел Кишек

Сте виделе ли некој голман да заработи црвен картон по изведувањето на пенал? Тоа му се случи на голманот на португалскиот клуб Виторија Сетубал на натпреварот против Порто со што Павел Кишек стана наш офсајд лик.

Бесплатни влезници за невработените навивачи

Италијанскиот фудбалски клуб Пескара за претстојната сезона ќе им подели бесплатни сезонски влезници на невработените и социјално загрозените навивачи.

Поранешниот бугарски премиер ќе игра за второлигаш

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов стана професионален фудбалер. Тој е пријавен како фудбалер на второлигашот Витоша Бистрица и постави рекорд за најстар играч во професионалните бугарски лиги.