Белиот татко на „Црниот пантер"
Еузебио го викаа „Црниот пантер" или „Црниот бисер", но неговиот татко бил белец. Татко му бил Португалец роден во Ангола и починал кога Еузебио имал осум години.
Војната помеѓу Португалија и Мозамбик
Додека Еузебио ги бранел боите на Португалија, неговата родна земја, Мозамбик прогласи независност од Португалија и двете земји започнале војна. Неговиот брат се борел со бунтовниците, а тој изјавил дека ако добиел повик од било која војска ќе морал да пребегне. Лидерот на Мозамбик го прогласил за предавник и цели девет години му бил забранет влез во Мозамбик по независноста, па Еузебио не можел да присуствува дури ни на погребот на неговата мајка.
Кралот на Златната топка
Откако ја одигра својата прва година како професионален фудбалер (1962), Еузебио веднаш се најде на втората позиција на рангирањето за Златната топка. На ниту еден фудбалер до сега му се нема случено тоа. Во следните пет години Еузебио беше меѓу петте најдобри фудбалери секоја година, нешто што подоцна им успеа само на Франц Бекенбауер и Лионел Меси.
Наредбата од диктаторот
Во 1964-та година, тогашниот актуелен европски шампион Интер испрати понуда до Бенфика, но трансферот беше блокиран од португалскиот диктатор Салазар. Исто како што Бразилците фо прогласија Пеле за национално богатство и му забранија трансфер во Европа и Португалците сметаа дека присуството на Еузебио во оваа земја е од национален интерес и не му дозволија да игра во друга земја од овој континент.
„Ова е Африка"
Фудбалот бил многу погруб во тоа време и Еузебио често бил мета на тешки фаули. Како резултат, неговото колено било оперирано шест пати. „Многу пати бев повредуван, па се навикнав да играм со болка. Коленото сега ми изгледа како релјеф. Погледни, тука е Африка, ова е Европа", изјави Еузебио.
Црн пантер, бел пешкир
Многу често откако ќе го повределе на натпревар, Еузебио зграбувал пешкир, држејќи го цврсто додека претрпувал силни болки. Тоа му станало навика, па до последните денови на теренот Еузебио можеше да биде виден со бел пешкир во рацете за време на важните натпревари.