Фудбал

Ибрахимовиќ е шеф, Инзаги е остарен, а Галијани не го разбира Милан

Меси се кае за финалето на Светското, Рафа Бенитез се навраќа на проблемите во Интер, а Берлускони се прави тренер. Газета дело Спорт ги собра најинтересни изјави од изминатите седум дена.

12 голови на Меси со послабата нога

12 од 32 голови сезонава, Аргентинецот даде со десна нога, што е најмногу во една сезона. Со десна, Меси даваше голови против Леванте, Гранада, Севиља, АПОЕЛ (хет-трик), Еспањол, ПСЖ, Кордоба и Виљареал. Прв играч е што дал повеќе од осум голови и со двете нозе во една сезона во европскиот фудбал.

Зошто Борусија Дортмунд се дрва

Беа шампиони на Германија во 2011 и 2012 година и финалисти во Лигата на шампионите во 2013-та, но по синоќешниот пораз од Аусбург паднаа на последното место во Бундеслигата и се качија на оградата кај навивачите за да им се извинат.

Кој мести најмногу голови во Премиер лигата

Коментаторите често знаат да речат ова е негов гол, мислејќи на тој што асистирал.

Првиот хет-трик во кариерата на Пато

Бразилецот Пато (25) беше троен стрелец и асистираше во победата на Сао Пауло против Капиваријан од 4:2. И ништо не би било чудно, да не беше тоа првиот хет-трик на поранешниот фудбалер на Милан во кариерата. Пато вчера за првпат во 2015 заигра во првиот состав, а во Сао Пауло е позајмен од Коринтијанс.

Хилсборо не знае за ривалство, Евертон ги почитува жртвите

Во сабота се игра големото градско дерби во Ливерпул на Гудисон Парк, каде домаќините ќе ја откријат комеморативна плакета во знак на сеќавање на 96-те загинати навивачи на Ливерпул во 1989. година.

Радоста на фудбалер на Фљамуртари

Мечкиниот скок ни доаѓа од албанското фудбалско првенство, каде страда и стрелецот на голот од екипата на Фљамуртари.

Како се извади Ливерпул во Болтон

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Болтон на гости 1:2, иако губеа со 1:0. Мечот го одбележаа евроголот на Фелипе Кутињо, приемот на Џордан Хендерсон и смешниот шут на Дервит. Во следната фаза, црвените ќе играат против Кристал Палас во 1/4 финалето од Лига Купот.

30 причини зошто Кристијано Роналдо е мит

На денешен ден, пред 30 години во шестиот град по големина во Португалија се роди шампионот на Реал Мадрид. Од петле на Спортинг Лисабон до Златна топка за најдобар играч на планетата, патот го однесе Роналдо до Реал Мадрид.

Асистентката на Абрамович која ја смени политиката во Челси

Откако го купи Челси, рускиот милијардер беше меѓу првите газди кој почна без контрола да троши пари за засилувања. Но покрај себе има симпатична дама која не e дојдена само да шармира, туку да му го прибере џебот и да го научи како да го полни преку фудбалот.

Стадион или стадионче на Милан?

Новиот фудбалски храм кој Милан вчера официјално го претстави во јавноста преку проектот, би требало да биде завршен за четири години. Но сега проблемот е дали ќе има место за сите?

Акробација на денот

Бразилскиот дуел меѓу Сан Хозе и Интернационал заврши 4:4, а спектакуларниот потег на мечот го има Жуан Педро со лоб од 18 метри. 

Ножички на Вилијам во базен

Бразилскиот играч од средниот ред на Челси е стандарден првотимец кај Мурињо, но со потпишувањето на Колумбиецот Хуан Куадрадо од Фиорентина доби силна конкуренција. Чујте му го лудачкото смеење откако ќе поентира.

Купувајте карти за купот или отиде сезонската

Сопствениците на сезонски влезници за домашните натпревари на Манчестер Јунајтед добиле прилично чуден мејл од управата на клубот, кој сака на сила да го наполни стадионот и за дуелите од ФА купот.

Голманот кој бранеше во деветта лига за да избега од војна

Евандро де Лима имал желба да заигра во Европа, а менаџерите му нашле ангажман во украинскиот прволигаш Арсенал од Киев. Сега е среќен што воопшто некаде игра фудбал, бидејќи можел да заврши како неговиот тренер.

Хунтелар е помилуван

Холандскиот репрезентативец (31) во саботата намерно стартуваше врз играчот на Хановер, Мануел Шмидебах и доби суспензија од 6 натпревари. Сепак, утринава германскиот фудбалски сојуз му ја намали казната од 6 на 4 натпревари, со тоа што тие два ќе бидат условни до 2016. година.

Роналдињо им вади душа на Мексиканците

Бразилската ѕвезда не ја затресе мрежата на синоќешниот куп натпревар за неговиот Керетаро кој беше подобар од Сакатекас со 2:0, но неговите неполни 35 години не му пречат да игра самба на терен.

Трансфер анегдоти: Дај илјада евра и носи го

По целосниот распад на Парма, многу играчи ги раскинаа своите договори и бараа нови клубови. Напаѓачот Никола Поци замина на позајмица во Киево кој за него даде илјада евра, a Салах барал Фиорентина да ангажира преведувач од арапски во Лондон.

Женскиот пенал на Чупо-Мотинг

Втор пат по ред откако почна сезоната, Баерн Минхен не успеа да освои три бода. Прво загуби од Волфсбург, а вчера со играч помалку од 16. минута играше 1:1 против Шалке. Гостите, поточно Камерунецот Чупо-Мотинг смешно изведе пенал во 18' минута и Нојер му го одбрани.

Рома кризира, еден месец не знае за победа

По вчерашната елиминација од Купот на Италија од Фиорентина (0:2), навивачите ги повикаа играчите на Рома и побараа од нив да не паѓаат во форма кога најмалку треба. Рома има проблем со повредени и отсутни играчи.

Новиот стадион на Милан

Желбата на Лејди Би, ќерката на Силвио Берлускони и потпретседател на Милан почнува да се остварува. Италијанскиот клуб ќе добие ултра модерен стадион, помал од сегашниот. Според планот, капацитетот ќе му биде 48.000 гледачи (Меаца собира 80.000). Изградбата треба да биде готова до сезоната 2018-2019.

Премиер лигашите потрошија скоро милијарда фунти за засилувања

Англиските клубови не го урнаа рекордот во јануарскиот преоден рок, но сезонава ги поместија границите во трошење за трансфери на годишно ниво. Италијанците изминатиов месец потрошија половина помалку од нив, а Французите една четвртина.

Му даде жолт за стоj на раце

Поранешниот шпиц на Монако, Ибрахима Туре во моментов игра во Дубаи, а на последниот натпревар доби жолт картон затоа што на раце чекаше да се изведе корнерот. Моментот на почетокот ќе го забележите во десниот агол и потоа на крајот.

Лебедовата песна на Емил Хески

По 15 години откако го напушти Ливерпул, Емил Хески со Болтон се врати на Енфилд Роуд и во Лига купот го задржа големиот фаворит 0:0. Целиот Коп стана да го поздрави, а Хески веќе утре вечер ќе има прилика пак да игра против својот Ливерпул во реваншот.