Немања Максимовиќ е јунакот на селекцијата на Србија која го освои Мундијалот во Нов Зеланд за играчи до 20 години. Роден е во градот Лозница во западна Србија каде и почнал да игра фудбал, но ако го слушал советот на татко му веројатно немаше да го пишуваме ова за него.
„Татко ми ми забрануваше да тренирам фудбал, бидејќи не бев добар ученик и често правев проблеми во школо. Ги мразев сите мои наставници освен оној по спорт. На 14 години имав тешка повреда на коленото и околу година и пол не тренирав фудбал. Татко ми ме тераше да станам добар ученик, и секој ден ми велеше дека од фудбалот нема леб. Кога му го кажав тоа на наставникот по спорт тој полуде, ја плати мојата операција, секој ден после школо тренираше со мене заедно за да се вратам посилен. Ми купи и нови копачки и сите други потребни работи за тренинг, ми договори да играм за Лозаник, каде што поминав две прекрасни години, а потоа потпишав за Црвена Звезда. Сега сум на местото каде што тој сакаше да бидам, да станам голем фудбалер. Погодокот и трофејот му ги посветувам на него''
По искуството во Лозаник, Максимовиќ продолжил да се кали во младинскиот тим на Црвена Ѕвезда. Во 2013 година го освои Европско првенство за играчи до 19 години, а тоа му ги отвори вратите во Верона.
Откако Италијанците не го задржале, сениорска кариера му почнува во словенечкиот тим Домжале од каде потоа се сели во Астана од Казахстан за трансфер вреден скоро два милиони евра.
Најтешките мигови за Немања веројатно ќе останат тие од периодот кога требал по долго отсуство да се врати во форма, но и на тренинг да патува по 150 км дневно додека играл за Лозаник.
Максимовиќ го изведе последниот пенал со кој го елиминираше САД во четвртфинале
Голот во финалето во 118 минута и последниот свиреж на судијата