1998/1999 - Дрес за Европа
Класичниот дизајн за европските натпревари на Манчестер Јунајтед во сезоната 1998/1999 се состоеше од бели шорцеви и бели штуцни. Наликуваше на дресот со кој Јунајтед го освои првиот Европски Куп во 1968 година, а како таличен се потврди и во фамозното финале во Барселона против Баерн Минхен.
1995/1996 - Третата варијанта
Од врвот на дизајнот па сè до смешната варијанта во сезоната 1995/1996. Со овој дрес Манчестер Јунајтед загуби четири натпревари и еднаш ремизираше. Во Англија уште се памети случајот кога Алекс Фергусон им наредил на играчите на полувреме од еден меч да ги сменат дресовите, затоа што не можеле да се познаваат меѓу себе. По тој настан веќе никогаш не ги носеа овие дресови.
1993/1995 - Гостинска варијанта
Ретко кој дрес се одразил на екипата како овој од 1993. година. Питер Шмајхел, Рој Кин, Пол Инс и Марк Хјуз одлично изгледаа во оваа даркерска комбинација. Дресот стана познат и по тоа што Ерик Кантона го носеше кога го нападна навивачот на Селхарст Парк во јануари 1995. година.
1992/1994 - Трета варијанта
Зелено-жолтата варијанта е една од основните на стариот Манчестер Јунајтед, но овој дизајн од навивачите беше прогласен како еден од најужасните во историјата. Не му стоеше ниту на Ерик Кантона, за кого навивачите тврдеа дека добро би изгледал на теренот дури и во пижами.
1958 - Домашна варијанта
Пред напливот на спонзорите, фудбалските дресови беа едноставни и убави. Дресот на Манчестер Јунајтед во '50-те години беше класичен. За одбележување на 50. годишнината од Минхенската трагедија, во февруари 2008. година, играчите на Јунајтед носеа реплика од тој дрес. За прв пат бил облечен пред повеќе од половина век на дербито против Сити.
1985 - Домашна варијанта
Навивачите на Јунајтед имаат убави сеќавања за дресот со кој славеа во ФА купот против Евертон во финалето со голот на Норман Вајтсајд.
1990/1991 - Гостинска варијанта
Иако немаше ама баш ништо со боите од грбот на Јунајтед, овој дрес остана запаметен по фамозниот хет-трик на Ли Шарп против Арсенал на Хајбери за време на дуелот од Рамбелоу Купот (денешен Лига Куп).
1996/1998 - Домашна варијанта
Еден од најомилените дресови во колекцијата на секој навивач на Црвените Ѓаволи. Ерик Кантона го носеше на последниот натпревар за Јунајтед, против Вест Хем на Олд Трафорд во 1997. година.