По објавените текстови во кои медиумите веќе неколку дена го критикуваа Артуро Видал за сообраќајната несреќа во која беше пијан и го искрши Ферарито, сега се обидува да се испере за срамот.
Откако ја призна грешката Чилеанецот реши парите кои ги добива како надомест на Копа Америка да ги донира. Ако Чиле го освои натпреварувањето, донацијата ќе биде поголема. Но без разлика на пласманот тој е решен да ги донира сите пари кои му следуваат од турнирот.
Според неговиот агент Фернандо Фелицевич, осум интернационалци од Шпанија, вклучувајќи ги Медел и Алексис од Чиле, работат на тоа која институција е најдобра за донирање.
После победата од 5-0 против Боливија, повеќето од навивачите му простија на Видал и во него гледаат на играч кој ќе ги однесе до првиот трофеј во историјата на ова натпреварување.
Својот углед, чилеанскиот репрезентативец си го извалка и при еден друг инцидент кога во ноќен клуб во Торино ќе се степаше по една банална расправија. Освен поради недисциплината, дел од навивачите пак не го почитуваат и поради грубата игра.
Возењето во пијана состојба, Видал го чинеше и откажување на Манчестер Јунајтед од негов ангажман.
За инцидентот со Ферарито го искара и шест годишно дете од Чиле кое навива за Барселона.