Седум незаборавни моменти за Парма

После Милан, Јуве и Интер, Парма е четвртиот италијански клуб и 15-ти во Европа со најмногу освоени меѓународни трофеи. Но едвај ја истуркаа оваа сезона во која немаа пари ниту да платат судии. Купувач не се најде и ќе мора да одат во четврта лига.

Златната ера (1989-1996)

За помалку од една деценија Парма успеа да освои скоро се. Два купа на Италија (1992 и 1999, а потоа во 2002 уште еден), Куп на купови (1993), Два Купа на УЕФА (1995 и 1999), Супер Куп на Европа (1993). Потоа имаа голема финансиска криза под водство на Танци, кога банкротираше нивниот спонзор Пармалат.

Финалето во Купот на УЕФА против Олимпик Марсеј

Салтото на Асприља

Играше во Парма пет сезони и постигна 26 голови на 101 меч. Остави печат и со неговиот препознатлив начин на радување.

Бенаривио, симбол на клубот

Беше висок 170 см, но тоа не му пречеше да стане и стандарден италијанскиот репрезентативец кој беше во прв состав на Мундијалот во 1994 година. За Парма одигра 258 меча во периодот од 1991 до 2004 година.

Господинот 110 милијарди лири

И по 15 години на табелата на најскапи трансфери се уште стои Хернан Креспо кој во 2000 година Лацио го купи за сума од тогашни 110 милијарди лири (околу 50 милиони евра). За четири сезони во Парма постигна 62 голови.

Легендарниот состав 1998/1999

Сезоната на Парма која ги имаше Буфон, Турам, Канаваро, Верон и Креспо не се заборава. На тоа треба да се додадат уште и Енрико Киеза, Нестор Сенсини, Диего Фузер и Дино Баџо.

Клаудио Тафарел

Кога Италијанците го гледаа финалето на Светското првенство во САД 1994 на голот на Бразил го гледаа славниот Тафарел кој бранеше за Парма од 1990 до 1993 година, а потоа и од 2001 до 2003та.

Тренерот на топката (Парма влезе и во кино салите)

22 јуни 2015 - 15:11