Последната турнеа на Реал Мадрид во Кина беше во сезоната 2011/2012 кога потоа ја освои Ла Лига и ги сруши сите рекорди во Шпанија. Кристијано Роналдо распали во првенството со 46 голови, а на сите натпреварувања стигна до бројка од 60 погодоци.
Но тоа е единствената успешна сезона за кралскиот клуб на која и претходеле летни подготовки во некоја земја во Азија. Кога беа таму во 2003, 2004 и 2005 година тие не успеаа да освојат ниту еден трофеј.
Во периодот од 2006 до 2011 година Реал не ја бирал Азија за да ја спрема сезоната и тоа речиси во сите случаи им носело успех.
Сезоната 2006/2007 ја освоија Ла лига, 2007/2008 ја одбранија титулата и го освоија шпанскиот супер куп, 2008/2009 повторно шпанскиот супер куп и 2010/ 2011 кралскиот Куп. Само во 2009/2010 останаа без трофеј.
Бенитез нема добри спомени со Ливерпул во сезоната која решил да ја подготвува во некоја од азиските земји. Тоа се случи во сезоната 2009/2010. Во Премиер лигата завршија на седмо место и беа елиминирани во ФА и Лига купот.
Во Лигата на шампионите Ливерпул беа трети во групата и натпреварите ги продолжија во Лига Европа каде беа поразени во полуфиналето од Атлетико Мадрид. Згора на се тогаш им се повреди и Фернандо Торес кој долго време беше надвор од терените.