Фудбал

Револуционерна борба против модерниот фудбал

Сте забележале ли дека сте сè понезадоволни, а сè почесто нервозни од состојбата во која се наоѓа современиот фудбал? Ви додеа ли да гледате како овој спорт на работничката класа систематски се претвора во бизнис, без никаков усул кон традицијата? Фанзинот STAND поведува борба против модерниот фудбал.

Венгер против своите, Јорганџиите во Леверкузен

Арсенал, Монако, Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид се четири од 16 екипи кои останаа во борбата за „ушестиот“ трофеј од Лигата на шампионите. Венгер вечерва ќе игра против својот поранешен клуб.

Во маало шутираме подобри слободни

Туниската и општо африканските лиги не се доволно познати во Европа, но после овој слободен удар, сигурно ќе добијат свој простор на континентот.

Најинтересните моменти од Сити - Барса

Барселона стекна предност пред реваншот со Сити на Камп Ноу, откако вчера ги победи „граѓаните“ 1:2 на Етихад. Покрај двата гола на Луис Суарез, во центарот на вниманието беа и Меси и Џо Харт, кој му одбрани пенал на Аргентинецот.

Арсенал - Монако од 20:45

Фудбалската Лига на шампиони продолжува и вечерва, а покрај неа на програмата е кошаркарската Евролига, како и тенис во Дубаи и Доха.

Суарез го замолкна Етихад, Ројс за поинтересен реванш во Дортмунд

Во првите натпревари од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, Каталонците го совладаа Манчестер Сити на гости 1:2, а Јувентус со идентичен резултат го совлада Дортмунд. Реваншите се за две недели.

100 секунди со мaлиот Иско

22 годишниот Иско беше прогласен за играч на мечот минатиот викенд против Елче, а пофални зборови за играта доби и од Икер Касиљас. Шпанскиот весник АС објави видеo каде фудбалерот на Реал Мадрид својот талент го покажува на 10 години. До сега во кариерата нема загубено меч кога ќе постигне гол.

Бекам не го положи испитот во Арсенал

Најстариот син на пензионираната фудбалска икона не успеа да се наметне во тимот од Лондон за играчи до 18 години. Некои англиски медиуми пишуваат дека ќе прекине со фудбал.

Челси ќе ги кодоши ривалите

Сините до фудбалската асоцијација на Англија ќе достават досие со материјали на кои се гледа како фудбалери кои прават сериозни прекршоци не се казнети, а нивниот Матиќ доби три меча суспензија.

Подолски од лево ти е голот

Светскиот првак со Германија, Лукас Подолски, минатиот месец замина на позајмица од Арсенал во Интер. Италијансиот печат го критикува бидејќи и по 7 одиграни мечеви нема постигнато гол, а не му се посреќи ниту синоќа против Каљари кога дриблаше во погрешна насока.

Падот на Римската волчица во три месеци

Невнимателна одбрана, стерилен напад и безидејност на клупата се причините поради кои „Римската волчица" на 14 кола до крајот веќе заостанува девет бодови зад лидерот Јувентус. Рома испадна од Копа Италија, а многу близу е и до простување со Лига Европа, по ремито со Феенорд минатата недела.

20 голови ала Дел Пиеро

На 19. септември 1993 година, Алесандро Дел Пиеро го постигна дебитантскиот гол за Јувентус, против Реџана. Од тогаш до летото 2012-та, Дел Пиеро даде 208 голови на 513 средби. Едни од најубавите погодоци, „Пинтуричио“ ги постигна против Борусија Дортмунд, вечерашниот противник на неговиот Јуве.

Слабата точка на Јувентус

Во пресрет на вечерашниот осминафинален меч од ЛШ, има едно видео на Газета дело Спорт кое може да му служи на Јирген Клоп. Неприкосновениот Јувентус кој е се поблиску до четврто Скудето по ред, во последно време слабо се брани од корнер.

Реприза на Етихад, Милионерите против Старата дама

Вечерва во Торино ќе играат екипите што го создадоа европскиот класик во 90-те години, а во Манчестер, тимот на Сити ќе ја пречека Барселона во реприза на 1/8 финалето од лани.

Ајакс и Партизан извезуваат најмногу таленти

Последното истражување на Меѓународниот центар за спортски студии од Нојшател, покажува дека клубовите од Амстердам и Белград дале најмногу фудбалери од својата школа по „белиот свет".

Наташа Андонова распали од 20 метри во агол

Нашата најдобра фудбалерка која од 2011 година настапува во Бундеслигата за тимот на Турбине, славеше против Фрајбург со 6:1. Таа го докрајчи противникот со последниот гол на средбата.

Епски поништени голови

Карим Бензема синоќа против Елче покажа дека знае да игра добро и со ножички, но судијата го имаше најнезгодниот момент за проценка кога сантиметри се во прашање дали е офсајд или не, па ја донесе погрешната одлука. Судиите немаат признато многу ремек дела.

Офсајд ликови: Кандрева и Бонавентура

Некои тренери се лутат кога играчите изведуваат акробации откако ќе постигнат гол, како Мартинс кога прави салто како гимнастичар. Други трчаат спринт и се качуваат по огради. Ризикот не е многу голем, само може да паднат 20 навивачи, некој да скрши нога и да не игра два месеци.

Од Свонси до Свонси, во Манчестер ништо не се смени

Пораз во првото коло од Свонси, пораз во саботата од истиот противник, а Ван Гал по 26 одиграни кола уште го бара правиот Манчестер Јунајтед, кој сега е четврт со 47 бодови.

500 пати Икер Касиљас и Реал Мадрид

На синоќешкото гостување против Елче (0:2), Икер Касиљас по 500. пат го носеше дресот на Реал Мадрид во Ла Лига. Своето деби за кралевите го имаше во 1999. година, а до денес со Реал освои пет првенства и три трофеи во Лигата на шампионите. Кариерата обележана од успеси, но и од свирежи.

Во Грција ништо ново

Вчера вечер се играше големото атинско дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос. Пред натпреварот, во општ хаос што го предизвикаа домашните хулигани, жива глава спасија претседателот и тренерот на гостите Еванѓелос Маринакис и Витор Переира.

Англиска џудо дивизија

Саботниот потег за црвен картон на Немања Матиќ делува смешно во однос на тоа што го направи Шабир Кан од Ворчестер Сити против Стокпорт.

Челси го кани навредениот Парижанец на Стемфорд Бриџ

По скандалозното видео од париското метро, на кое навивачи на Челси не пуштаат црн човек да влезе во метрото и пеат дека се горди што се расисти, се огласи и Жозе Мурињо и клубот.

Антологијата на Станиќ против Вест Хем

Хрватот Марио Станиќ во Челси играше од 2000. до 2004. и на 59 настапи даде седум голови. Остана запаметен по антологискиот гол против „чеканите" на 19 август 2000. година.