Вилфред Бони (Манчестер Сити)
Играчот од Брегот на Слоновата Коска потпиша за Граѓаните во зимскиот преоден рок од екипата на Свонси. Најголем проблем кај Бони беше адаптирањето на стилот на игра на Манчестер Сити. Тој не ги оправда 28-те милиони фунти, а една од причините е малиот број шанси што ги доби во првиот состав. На 10 меча постигна само 2 гола.
Самуел Ето (Евертон)
Потписот на Камерунецот за Евертон беше малку чуден. 33 годишниот ветеран беше далеку од солидна форма за време на својот престој во Челзи, но со своето искуство и знаење можеше доста да му помогне на Ромелу Лукаку. Сепак Ето кратко остана во Евертон до зимскиот преоден рок и потоа потпиша за Сампдорија. Додека играше на Гудисон Парк на 20 средби постигна само 4 голови. Сега е играч на Анталијаспор.
Фернандо (Манчестер Сити)
Кога Манчестер Сити го најави силното засилување од Порто минатото лето, од Фернандо кој е дефанзивен играч во средината заедно со централниот бек Мангала се очекуваше да го засилат тимот во одбраната на титулата. Бразилецот ги разочара очекувањата на навивачите со неговата игра.
„Навистина е тешко, уште го немам достигнато моето ниво на игра. Оваа сезона помина, но се надевам дека наредната ќе дадам повеќе".
Сафир Таидер (Саутемптон)
На 6 август 2014 година Таидер замина на заем во Саутемптон како дел од трансферот на Дани Освалдо во Интер. По само 26 дена поминати на Сент Мери, Таидер беше вратен во Интер без да одигра ниту еден натпревар за англискиот клуб, а потоа испратен на позајмица во Сасуоло. По доаѓањето на Таидер тренерот Куман оптимистички изјави:
„Нашата филозофија е да носиме талентирани млади играчи, Сафир беше дел од нив. Во текот на годината ќе донесеме одлука за иднината на играчот“.
Џордон Мач (КПР)
Талентираниот играч од средината на теренот изгледаше дека ќе биде корисен во тимот на КПР откако дојде од Кардиф за 6 милиони фунти, но тој не успеа да се наметне во тимот на Хари Реднап. За да ги намалат загубите во клубот, челниците на КПР се решаваат во јануари да го продадат во Кристал Палас за 4.75 милиони фунти. Мач имаше само 11 настапи за тимот од Лофтус Роуд.
Анхел ди Марија (Манчестер Јунајтед)
Некои работи и пркосат и на логиката. Ди Марија е перфектен играч за Премиер лигата, со неговата брзина, техника и вештина теоретски требаше да биде еден од најдобрите играчи во Англија. Со оглед на потрошените 59.7 милион фунти за него тој не ги оправда очекувањата на Олд Трафорд каде минатата сезона имаше 27 настапи и само 3 постигнати гола.
Роберт Снограс (Хал)
Постојат неколку видови на лоши трансфери. Некои можат да се избегнат, некои се погрешни и некои кои откако ќе се остварат се гледа дека се лоши и ништо не може да се поправи. Така е и со фудбалерот Снограс кој беше купен во Хал за 7 милиони фунти од Норич. Шкотландѓанецот на своето деби по само 40 минути игра го повреди коленото и сезоната за него беше завршена.
Марио Балотели (Ливерпул)
Уште не е јасно кој го донесе Балотели во Луверпул, без разлика дали Брендан Роџерс или некој друг од врвот на Енфилд, тоа беше најлоша одлука да се донесе Италијанецот. Контроверзниот Балотели на 16 настапи за Ливерпул минатата сезона постигна само еден гол.
Мауро Зарате (Вест Хем и КПР)
Аргентинецот зазема место во оваа листа како играч кој во тек на една сезона променил два клуба. Во мај 2014 потпишува за Вест Хем за во јануари 2015 да биде испратен на позајмица во КПР. И во двата клуба имаше слаби настапи, за Вест Хем на 7 натпревари постигна само 2 гола, додека за КПР во четири натпревари ниту еден гол. Во мај пред дуелот со Ливерпул изреагира бурно откако виде дека не е во составот за овој натпревар, со што беше исфрлен од тимот до крајот на сезоната и со тоа завршил неговиот престој во КПР.
Дејан Ловрен (Ливерпул)
Со потписот на Натанаил Клајн од Саутемптон ова лето изгледа Ливерпул направи разумен потег, но да се навратиме пред 12 месеци кога потрошија 50 милиони фунти за Рики Ламберт, Адам Лалана и Ловрен. Никој од нив не покажа ништо во дресот на Луверпул, особено Дејан Ловрен од кој се очекуваше да ја зацврсти одбраната на црвените минатата сезона. Хрватот додека настапуваше во Франција во тимот на Лион немаше солидни игри, но квалитетот го покажа следната сезона во Саутемптон од каде премина во Ливерпул.
Радамел Фалкао (Манчестер Јунајтед)
Едно од најголемите разочарувања минатата сезона во Премиер лигата беше колумбискиот напаѓач кој дојде како позајмен играч од Монако. На Фалкао најдобро му одеше во Атлетико Мадрид каде блесна со 52 гола за две сезони, а на Олд Трафорд се посрамоти со само 4 голови. Следната сезона ќе го гледаме на позајмица на Стемфорд Бриџ.