Најзагреан за трансферот на Арда Туран бил тренерот Луис Енрике кој инсистирал да се донесе Турчинот. Токму Луис Енрике на 19. март 2002. година во меч од Лигата на шампионите го постигна единствениот гол на гостувањето од ЛШ во Истанбул против Галатасарај, екипата во која фудбал уште од мал играл и Арда Туран.
На истиот натпревар, зад голот меѓу децата кои собираат топки бил и тогаш 15-годишниот Арда, член на младинците на Галатасарај. Турчинот вели дека и ден денес се сеќава на тој натпревар и памти колку Луис Енрике го растажил со голот на Али Сами Јен стадионот.
Како и сите деца кои собираат топки, на крајот од мечот така и Арда Туран влегол во теренот за да добие дрес од некој фудбалер на Каталонците, но успеал да ги земе само зимските ракавици на стоперот Филип Кристанвал.
„Ракавиците од Кристанвал уште ги чувам, во домот на моите родители во Турција“, изјавил Туран, кој многу сакал да ја гледа Барселона како мал.
Клубот од Камп Ноу за Арда Туран даде 34 милиони евра, но играчот за врска до јануари нема да може да игра за Барса поради суспензијата што клубот ја доби од УЕФА. Гардијан пишува и дека во договорот на Арда Туран има клаузула според која тој би можел да се врати во Атлетико Мадрид, ако на претседателските избори во Барселона не победи Жорди Бартомеу (најголем фаворит). Во тој случај, Барса ќе ги добие парите од Атлетико назад освен 10% кои би им останале на Јорганџиите (околу 3,4 милиони евра).
Голот на Луис Енрике против Галатасарај, кога Арда собирал топки: