Само 8 проценти од Русите кажале дека се посветени љубители на фудбалот, што е половина од минатата година пред СП во Бразил.
Министерот за Спорт, Виталиј Мутко кој ги координира подготовките за СП, како причина за падот на рускиот фудбал ги наведе многуте скандали, здодевното домашно првенство и лошата игра на националниот тим.
„Интересот за фудбал не е голем во моментов” изјави Мутко за руската државна агенција Тас.
Минатата сезона посетеноста на стадионите во руската Премиер Лига беше околу 10.000 гледачи по натпревар што е најниска во последните 19 години. Газдите на клубовите како причина за падот на посетеноста го посочуваат затворањето на неколку стадиони кои се реновираат за Мундијалот.
Околу 73% од испитаниците во јуни рекле дека не се заинтересирани за фудбал. Причина е поразот на националниот тим во квалификациите за ЕП 2016 од Австрија дома, со кој шансите за пласман им се намалени. Русија е на третото место во групата Г, зад Австрија и Шведска и е далеку од првите две места кои водат директно на ЕП 2016.
Руските медиуми кои го покриваат фудбалот откриваат повеќе скандали, ставајќи ја тука и Руската Фудбалска Федерација која се бори со долгови кон тренерот на Русија Фабио Капело.
53 проценти од јавноста е против Капело, наспроти само 19 проценти кои се за Италијанецот да остане. Причина за тоа е што Русија има само две победи на последните 10 натпревари.
Претседател на Руската Фудбалска Федерација беше Николај Толцки кој поради финансиски спор беше отстранет од функцијата во мај годинава. Министерот за спорт, Виталиј Мутко се гледа како најсериозен кандидат за оваа функција.