Најголемиот светски патник ова лето ќе биде Ливерпул кој формата за новата сезона ќе ја темпира во Тајланд, Австралија, Малезија и Финска. Избраниците на Брендан Роџерс ќе прелетаат скоро 40.000 км.
Прва станица им е Бангкок (10.000км), потоа имаат два меча во Австралија, од таму летаат за Малезија и на крај заминуваат за Хелински.
Манчестер Сити на 21 и 24. Јули има закажано пријателски натпревари во Мелбурн. Од Австралија потоа ги чека долг лет за Канада. Целосната рута во воздух на граѓаните изнесува околу 34.000 км.
Навивачите на Арсенал од Сингапур за 10 дена ќе го бодрат премиер лигашот на своја територија. Топџиите го играат Азија трофејот против Евертон и Стоук, а на 25-ти и 26-ти се враќаат во Лондон каде ги очекува Емирати купот против Лион и Волфсбург. Избраниците на Венгер на 1 август го играат Комјунити Шилд финалето против Челси. Нивното патување ќе изнесува околу 22.000км.
Луи ван Гал со својот состав ќе посети три американски држави, Вашингтон, Калифорнија и Илиноис. Од поинтересните средби Американците ќе може да ги следат Манчестер Јунајтед – Барселона на 25 јули и пет дена подоцна Манчестер Јунајтед – ПСЖ. Црвените ѓаволи летово ќе патуваат 18.000км.
Со истите два противници на 23 и 29 јули пред американската публика ќе се сретне и Челси кој кој има закажано пријателска и со Њујорк Ред Булс. Потоа на 5 август на Стемфорд Бриџ ќе ја пречека Фиорентина. Фудбалерите на Жозе Мурињо ќе патуваат 13.000 км.
Летово на авиони решија да штедат екипите на Лестер и Норич кои не планираат да мрдна од Англија. Тие ќе патуваат по нешто помалку од 600 км.